Штедилницата „Интер Фалко“ оди во ликвидација?
Објавено во: Економија 19 Декември, 2012 14:37
Гувернерот на Народната банка на Република Македонија денеска донесе Решение со кое се издава претходна согласност за престанување со работа на Штедилницата „Интер Фалко“ ДОО Скопје. Со истото решение, согласно закон е укината дозволата за основање на Штедилницата издадена од Народната банка на Република Македонија и е утврдено дека се исполнети условите за спроведување ликвидациска постапка на Штедилницата.
Од денот на донесувањето на Решението, до денот на уписот на ликвидаторот во трговскиот регистар, Штедилницата треба да престане со извршувањето на сите активности, освен со наплатата на побарувањата.
Врз основа на доставената документација со состојба на 30-ти ноември годинава, Штедилницата располага со имот којшто е доволен за намирување на доверителите и депонентите на Штедилницата.
Врз основа на член 170 од Законот за банките, Народната банка на Република Македонија го достави Решението, заедно со Предлогот за спроведување ликвидациска постапка на Штедилницата, до надлежниот суд. Согласно со член 157 од Законот за банките, судот треба да донесе решение за спроведување ликвидациска постапка најдоцна во рок од три работни дена од приемот на Предлогот, стои во соопштението на НБРМ.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?
Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното





