13 Декември, 2025
0.1114

Штериев чека да биде оценет од акционерите!

Објавено во: Економија 06 Јуни, 2019 12:21

Добивај вести на Viber

„Јас не се коментирам самиот себе. За мојот придонес треба да коментираат акционерите на Македонска берза, вели Иван Штериев, првиот човек на оваа институција. На директорското столче во берза е 14 години, а Штериев вчера попладнето беше на настан кој всушност е еден од многуте што тој ги организирал во сите овие години. Толку години, многу предизвици, промени на политички и економски амбиент, но многу малку промени на домашниот пазар на хартии од вредност. Фактор го праша да ја оцени својата работа.

- Јас не би коментирал самиот за себеси. Јас ја почитувам таа доблест никогаш сам за себе да не зборувам. За мојот придонес треба да коментираат самите акционери на берзата и тие што ми ја дале довербата да ја предводам - вели Штериев за „Фактор“.

Додека ги чека оценките од акционерите, Македонска берза пред голем број заинтересирани најави интензивна кампања за промоција на платформата Funderbeam SEE,кое нуди глобална шема за колективно финансирање во кое практично може да учествуваат секакви претприемачи со минимален влог од 100 евра во странски стартапи, или пак со 100.000 евра во развојот на мали и средни компании во странство.

- Се работи за обид да отвориме друг фолдер во делот на инвестициската култура во Македонија, пред се, како што кажав, кај оние што не се акционерски друштва, поради нашата стратешка цел која ја делиме заедно со партнерите од Загребската берза да почнеме да нудиме услуги на повеќе типови на трговски друштва, а не само на акционерските друштва, вели Штериев.

Според директорот на Македонска берза,  со овој концепт берзите влегуваат во нови води, а малите бизниси доаѓаат до алтернативен извор на финансирање преку заонтересирани инвеститори кои ги добиваат потребните информации. Регистрацијата и правната евиденција се води во естонскиот SPV.

Во меѓувреме , прометот на Македонската берза е намален во однос на минатата година. Штериев во овој момент не се осмелува да прогнозира што ќе не очекува во идниот период.

- Знаете дека ние не се впуштаме во прогнози и анализи на промети оваа година. Прометот оваа година може да се каже дека е нешто послаб од ланскиот, Најверојатно минатата гоидина инвеститорите имаа некои нови антиципации за можни нови позитивни случувања кои веќе биле вградени во берзанската динамика. Наскоро ќе ги видиме шестмесечните резултати од оваа година така што не би можел да прогнозирам дали оваа година ќе биде подобра или полоша од ланската.

Штериев смета дека допрва ќе се види дали извесното приклучување кон овој пакт и можното отпочнување на преговорите со ЕУ ќе го раздвижат дополнително тргувањето.

- Генерално тој тип на развој би требало позитивно да влијае на перцепциите на инвеститорите. Тие процеси можеби веќе се вградени во динамиката од минатата година и колку дополнително тие ќе се почувствуваат оваа година останува да се види. Сега процесите се во некое благо намалување во однос на ланската динамика. Секојдневно се случуваат таканаречени неекономски збиднувања и не е лесно да се прогнозира во тој дел, тврди Штериев.

Според евиденцијата, бројот на поединци-физички лица сопственици на акции во 2018 се намалил од 89.600 на 87.000, односно бележи пад од 3,73 одсто за една година., за што според Штериев се должи на фактот дека инвеститорите задоволни од ланскиот ценовен скок го напуштиле пазарот на хартии од вредност.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје

Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје

„ЛЕГЕНДАРНИОТ 'ШПАНЕЦ' СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА - СЕГА Е МОДЕРНИЗИРАН СО НОВ ДИЗАЈН“: Коруновски објави видео од тест возењето на легендарниот воз

„ЛЕГЕНДАРНИОТ 'ШПАНЕЦ' СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА - СЕГА Е МОДЕРНИЗИРАН СО НОВ ДИЗАЈН“: Коруновски објави видео од тест возењето на легендарниот воз

(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“

(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“

Која е најнапредната економија во светот за 2025 година?

Која е најнапредната економија во светот за 2025 година?

Венецуела тврди дека Трамп ја сака нејзината нафта - дали тоа навистина е целта на САД?

Венецуела тврди дека Трамп ја сака нејзината нафта - дали тоа навистина е целта на САД?

ТРОШАТ ПОВЕЌЕ ОД ПОРАНО: Колку заработи Албанија од туристите годинава?

ТРОШАТ ПОВЕЌЕ ОД ПОРАНО: Колку заработи Албанија од туристите годинава?

Стопанска банка а.д. Битола од денес и официјално АЛТА банка АД Битола

Стопанска банка а.д. Битола од денес и официјално АЛТА банка АД Битола

Од 1 јули следната година ЕУ воведува царина од три евра за нарачките преку сајтовите за е-трговија

Од 1 јули следната година ЕУ воведува царина од три евра за нарачките преку сајтовите за е-трговија