Добивај вести на Viber
Во понеделникот, на 3-ти декемри компанијата ФЕРШПЕД АД Скопје, преку трговска трансакција на Македонска берза АД Скопје купила уште 78.951 акции од Хотели Метропол АД Охрид , кои како што стои во соопштението, беа во сопственост на Фондот за ПИОМ. Со оваа трансакција, Фершпед се здоби со нови 7,63% од основната главнина на друштвото. Акциите се купени за 114 илјади евра.
Со последната трансакција, учеството на Фершпед АД Скопје во основната главнина на Хотелот Метропол од Охрид се зголеми на 73,50%.