28 Март, 2024
0.0254

Штетни колективни договори, милионски “олеснет” буџет во полицијата. Ќе има ли одговорност?

Објавено во: Економија 22 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Мора да има одговорност за сите раководни лица кои свесно  си поигруваа во полицијата и кои намерно несоодветно,  неправилно  и по слободно толкување без писмени дописи ги  водеа  работните часови на вработените во гранична полиција- реагираат од Независниот полициски синдикат.   Доволен доказ за потребата од одговорност како што велат е одлуката на Уставниот суд кој  реши дека не се поведува постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 98 став 1 и 2 од Колективниот договор на МВР по претходно доставено барање на претставник на работодавачот, односно претходниот директор на БЈБ, Митко Чавков. 

Одредбата од оспорениот член била незаконита бидејќи го утврдувала траењето на работното време од најмалку 12 часа редовна работа и исто толку  часа платен одмор, што значело дека редовната работа можела да трае и повеќе од 12 часа. Наведената одредба била контрапродуктивна ако се има во предвид дека денот трае 24 часа, што е во спротивност со одредбата од членот 133 од Законот за работни односи каде се утврдувало времетраење на дневниот одмор од најмалку 12 часа во текот на 24 часа. Тоа значело дека работодавачот можел да го намали времетраењето на дневниот одмор ”помалку од 12 часа” со што би се скратил дневниот одмор. 

“Заради конечно решавање на проблемот со изнаоѓање на решенија за прифаќање на одговорноста од денес, а согласно одбиената иницијатива од Уставен суд, ќе биде разгледана можноста за поднесување на кривична пријава против оние кои дозволија таков колективен договор да нанесе толкава штета како на работникот така и на работодавачот.Нема да има милост ниту ќе биде поштеден било кој, а ги има доста инволвирани во антисиндикалната авантура, кои нанесоа милионска штета на касата на полицијата, а Независниот синдикат токму затоа е формиран. Ќе му дишеме во врат на секој штетник на полицијата. А ќе одговараат  сите оние кои ни нанесоа штета и болка за периодот во кој сериозно и жестоко независно синдикално се браневме”- вели претседателот на НСП, Гоце Делчев -Тодев.

Спорниот колективен договор според него предизвикал лавина реакции кај вработените кои правдата ја бараат  на суд. Тужбите МВР  ја чинат милионски суми одлеани од буџетот, а одговорност нема.  

“Независниот синдикат на полицијата целосно е внесен во проблемот кој  екс двоецот министер за внатрешни работи  и репрезентативен синдикат  во МВР го предизвикаа потпишувајќи  срамно катастрофален  колективен  договор на 30.04.2015г. Независниот синдикат на полицијата во најкритичните моменти на практичното спроведување на колективниот договор застана прв во редот на отпорот, со цел враќање на членот 98, кој важеше пред колективниот договор од 2015г. Независниот  како и секој друг пат жестоко ќе одговори против лагите на сите оние кои ја извртуваат вистината. Ние доколку е потребно и повторно ќе ги активираме сите оние кои беа  засеганти и оштетени со предметниот член од колективниот договор”- потенцира Делчев - Тодев. 

Тој укажува на сериозни притисоци врз синдикатот поради како што вели јавно и јасно изразените проблеми. Очекува позитивна соработка со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој вели е запознаен со проблемите и има  слух за нивно решавање. 

“Состојбата во полицијата сега е чиста, вработените во полицијата точно знаат кој колку, каква и колква штета му  има нанесено на најсилното министерство во земјава. Така да сега и ние во независниот синдикат на полицијата го знаеме секој антисиндикален противник. Драстични промени во полицијата не очекуваме се до добивање на репрезентативност на Независниот синдикат на полицијата. Промена не очекуваме од причина што узурпаторот на синдикалниот простор во полицијата според се она што се случува во моментов во полицијата говори за цврсто позиционирање околу толкувањето на членот 4, токму од страна на креаторот на содржината на овој член, но НСП  сега има чиста состојба  произлезена од содржината на одлуката на Уставниот суд, која се однесува на прашањето  поврзано со нашата иницијатива доставена токму до Уставниот суд. А за промени во полицијата  во поглед на права на работниците во полицијата  синдикатот ќе се погрижи  во соработка и со законско синдикално делување кои  ги очекуваме од новиот министер и работодавач”- објаснува претседателот на Независниот синдикат на полицијата. 

Потребен е како што вели  колективен договор со кој нема да се кратат правата на работниците во полицијата во однос на Законот за работни односи. Полицајците дополнително вели сеуште се соочуваат со серија проблеми меѓу кои неправилна пополна на систематизираните работни места во полицијата, удвоени поставувања на персонал, неизменети решенија кои се по неважечки, стари и подолго време изминати систематизации, несоодветни поставувања на персонални кадровски решенија, лоша и застарена, несоодветна униформа, лична опрема и информациски средства, недоволен број на моторни возила од кои дел се технички неисправни,  несоодветна опрема на моторните возила кои се користат при извршување на задачите во полицијата, давање исхрана која е со поминат рок и без деклариција, губење на веќе стекнатите права на  припадниците на ЕБР, по нивното заминување од единицата. 

Проблемите според претседателот на Независниот синдикат се многубројни, но мора да почнат да се решаваат еден по еден во интерес на вработените кои сакаат достоинствена работа и валоризиран труд.

С.Б.

Можеби ќе ве интересира

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

САНКЦИОНИРАН Е ВО УКРАИНА: Руски милијардер го купи „Звечево“

САНКЦИОНИРАН Е ВО УКРАИНА: Руски милијардер го купи „Звечево“