18 Декември, 2025
0.0439

Штип добива нова, модернизирана услужна единица на ПроКредит Банка

Објавено во: Мои пари 14 Февруари, 2025 13:34

Добивај вести на Viber

ПроКредит Банка и оваа година ја продолжува својата стратегија за модернизација, подобрување и ширење на својата мрежа низ Македонија, повторно отворајќи ја реновираната услужна единица во Штип. Лоцирана на ул. Тоше Арсов бр. 46, во централното подрачје на градот, оваа услужна единица нуди современо банкарско искуство и повисоко ниво на услуги за клиентите.

Реновираната услужна единица се одликува со модерен дизајн и функционалност, прилагодена на потребите на клиентите. Оваа локација е опремена со Зона 24/7, со современи банкомати коиим овозможуваатна клиентите самостојно да вршат банкарски трансакции во кое било време од денот, без разлика дали е викенд, празник или останати неработни денови. Клиентите можат да вршат уплата и исплата на денари и евра, внесување на дневен промет и користење на drop box сеф за депонирање поголеми суми на средства.

Покрај дигиталните поволности, клиентите имаат пристап и до стручниот тим на ПроКредит Банка, кој е достапен за консултации и поддршка секој работен ден од 08:30 до 16:30 часот.

„Реновирањето на нашата услужна единица во Штип е дел од нашата долгорочна стратегија за унапредување на банкарските услуги и зајакнување на односите со нашите клиенти, создавајќи простор кој овозможува поголема ефикасност, флексибилност и сигурност. Веруваме дека овие промени ќе придонесат за поголема практичност во банкарските операции кај граѓаните и продлабочување на соработката со компаниите од Штип,“ изјавија од ПроКредит Банка.

Банката останува посветена на својата мисија за овозможување на лесни и практични банкарски услуги за сите клиенти, истовремено вложувајќи во модернизација на своите физички објекти.

Повеќе информации за локациите на ПроКредит Банка можете да најдете на веб страницата ProCredit Bank - Експозитури и Банкомати

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!

Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?

Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?