Штип е втор град по бројот на активни случаи
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 02 Август, 2020
Веднаш зад главниот град, Штип има најмногу активни случаи на коронавирусот.
Штип е вториот град со најмногу инфицирани од Ковид-19 по Скопје каде во моментов има 1.426 активни случаи.
Зад нив се Гостивар и Куманово со 269, односно 263 заразени. Потоа следуваат Тетово (225), Свети Николе (175) и Струга (195).
Во Штип вчера се регистрирани 16 нови случаи на коронавирус.Вкупната бројка на дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата е 10.891, бројката на оздравени пациенти е 6.698, на починати е 493.
Имаше реакции дека мерките за заштита не се почитуваат.