ШТО ДА РАБОТАМ КОГА ЌЕ ПОРАСНАМ: Професија во Македонија која носи најмногу пари
Објавено во: Економија 21 Ноември, 2018
Што да бидам кога ќе пораснам ? Прашање на кое одговор барем денес може лесно да се најде. Ако додека бевме мали се чудевме, сега без двоумење на децата многумина им велат комјутерџија и ништо друго.
Зошто баш компјутерџија , ќе ве запраша можеби детето....Затоа што токму таму има најмногу пари.
Според последниот извештај на Заводот за статистика најплатените професии во Македонија се забележуваат во компјутерската индустрија.
23 355 денари изнесува просечната исплатена нето плата според последниот извештај на Заводот за статистика.Статистиката за септември пресмета раст на платите а компјутерџиите , на кои друштво им прават и вработените во секторите телекомуникации и финансиско-услужните дејности добиле највисока плата.
61.821 денар легнале на сметките на вработените во секторот компјутерското програмирање, консултантски и сродни дејности додека оние кои работат во секторот финансиско-услужни дејности додека вработени во телекомуникациите земале плата која изнесувала 40.883 денари.
Вработени во информации и комуникации според ДЗС во септември земале нето плата во износ од 44.349 денари.
Зад нив најголеми просечни плати се забелжуваат во секторот финансиски дејности и дејности на осигурување со просечна нето-плата од 40.140 денари.
Третото место е „окупирано“ од секторот за снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со 37.672 денари додека на четврта позиција најплатена професија е секторот на рударство и вадење камен со 34.637 денари
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.