17 Јануари, 2025
0.0270

Што договорија денеска МВР и полицискиот синдикат?

Објавено во: Македонија 17 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и претседателот на Македонскиот полициски синдикат, Тихомир Климовски денеска потпишаа измени на Колективниот договор на Министерството за внатрешни работи со кои се подобруваат условите за работа на работниците со непрекинат престој во одредени издвоени објекти на МВР.

- Согласно постојното решение, работењето е организирано така што работното време е во траење од најмалку 12 часа редовна работа и 12 часа одмор на работникот во објектот, а за секои 24 часа непрекинат престој му следува еден слободен ден. Ваквата регулатива предизвика големо незадоволство кај работниците кои работат во овие објекти и до мене, како министер, стигнаа голем број на реакции и барања да се направат корекции, изјави денеска Министерот Спасовски. 

- По извршените анализи, утврдивме решенија за надминување на проблемите и тие се содржани во спогодбата за изменување и дополнување на Колективниот договор на МВР, која ја потпишавме денеска со репрезентативниот синдикат. Според новото решение, работењето е организирано така што работното време е во траење од најмалку 12 часа редовна работа и 12 часа платен одмор на работникот во објектот, а за секои 24 часа непрекинат престој му следува три слободни денови, додаде Спасовски.

Претседателот на МПС, Тихомир Климовски исто така ги поздрави измените со кои се подобруваат условите за работа на вработените во МВР.

- Решението кое беше со последниот колективен договор предизвика незадоволство кај нашите колеги и на барање на нашето членство се пристапи кон измена на ова решение. Денеска сме сведоци на чинот на измена на колективниот договор, рече Климовски.    


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Трагедија ја потресе Македонија, бебиња близнаци починаа поради премрзнување

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Трагедија ја потресе Македонија, бебиња близнаци починаа поради премрзнување

САРАЕВО ВО 10-ТЕ НАЈЗАГАДЕНИ ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ: На која позиција е Скопје вечерва?

САРАЕВО ВО 10-ТЕ НАЈЗАГАДЕНИ ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ: На која позиција е Скопје вечерва?

РОКАС: Северна Македонија треба да го искористи моментумот на посветеност на проширувањето на EУ

РОКАС: Северна Македонија треба да го искористи моментумот на посветеност на проширувањето на EУ

МАКЕДОНСКА ЗЕЛКА Е УНИШТЕНА ВО ХРВАТСКА: Откриен е опасен пестицид

МАКЕДОНСКА ЗЕЛКА Е УНИШТЕНА ВО ХРВАТСКА: Откриен е опасен пестицид

МУЦУНСКИ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА БУГАРСКИОТ КОЛЕГА: Mожно ли е затоплување на односите?

МУЦУНСКИ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА БУГАРСКИОТ КОЛЕГА: Mожно ли е затоплување на односите?

МОМЧЕТО КОЕ ДОЖИВЕА СТРУЕН УДАР Е ВО БОЛНИЦА: Каква е неговата состојба?

МОМЧЕТО КОЕ ДОЖИВЕА СТРУЕН УДАР Е ВО БОЛНИЦА: Каква е неговата состојба?

(ФОТО) МИЦКОСКИ: Пуштена е во употреба железничката пруга Куманово-Бељаковце, во должина од над 30 километри

(ФОТО) МИЦКОСКИ: Пуштена е во употреба железничката пруга Куманово-Бељаковце, во должина од над 30 километри

СРБИЈА: Полицијата го фатила 37-годишниот возач oд Македонија додека се движел со брзина повеќе од 100 километри над дозволеното

СРБИЈА: Полицијата го фатила 37-годишниот возач oд Македонија додека се движел со брзина повеќе од 100 километри над дозволеното

„НЕРАЗУМНОТО РАСФРЛАЊЕ НАРОДНИ ПАРИ ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ ПРОДОЛЖУВА“: Левица со остра реакција, еве колку пари се трошат секоја година

„НЕРАЗУМНОТО РАСФРЛАЊЕ НАРОДНИ ПАРИ ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ ПРОДОЛЖУВА“: Левица со остра реакција, еве колку пари се трошат секоја година