Што е тоа што го убедува Хан дека референдумот ќе биде позитивен ?
Објавено во: Македонија 18 Септември, 2018
Ако по утрото денот се познава, тогаш Скопје и денес ќе угости доста странски претставници.
Набилдана агенда ги очекува министрите но и премиерот. Заев денот ќе го стартува со прес конференцијата на која ќе се обрати заедно со европскиот комесар за проширување Јоханес Хан кои ќе се сретнат во клубот на пратеници.
Пораките кои синоќа Хан ги испрати од Штип е дека е убеден во позитивниот исход на претстојниот референдум во земјава.
Тој повторно ги повика граѓаните да излезат на референдумот и да гласаат.
-Најважно е луѓето да го искористат своето демократско право и да учествуваат на избори, референдум, секој глас се брои - тоа би требало да биде јасно - посебно ако се работи за вакво фундаментално прашање. Да го преминеме мостот. Убеден сум во позитивен исход, но најважна е суверената одлука на народот на земјата и тоа нешто мора да се почитува, а подоцна политичарите би требало да изведат заклучоци и да донесат одлука“ - рекол Хан.
Еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан не сакаше да ги коментира наводите за можно влијание на Русија на референдумската кампања, истакнувајќи дека Европа и самата земја би требало да имаат повеќе самодоверба.
-Ние сме голем играч. Ако ги набљудувам трговските односи -75 отсто од трговијата е со ЕУ, 75 отсто се странски инвестиции доаѓаат од ЕУ. Така да е очигледно кој е економска сила во регионот. Овде, меѓутоа не станува збор само за еконосмкиот аспект, туку и европските вредности кои заеднички ги делиме-посочил Хан.