14 Мај, 2024
0.0255

Што ги чека еврото, доларот и биткоинот во 2014?

Објавено во: Свет 07 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Меѓународниот пазар, прилично мирно ја преживеа минатата година. 2014-та најавува умерено зајакнување на сировинските валути, во кои спаѓа и рубљата. Меѓутоа, со оглед на однесувањето на основните сметководствени единици, долари и евра, во експертските кругови, не постои единствено мислење. Што се однесува до модерните, виртуелни валути, кои брзо стекнуваат популарност, аналитичарите предвидуваат дека многу од таканаречените криптовалути може да исчезнат. Експертите кои ги анкетираше Блумберг веруваат дека во текот на првата половина од годината на пазарот се очекува раст на американската валута во однос на еврото за 8%. Веројатно доларот во наредните месеци ќе биде доста силен. Значителен пад во однос на сировинските валути не треба да се очекува, смета советникот на претседателот на "Јар-банка", Марк Рубинштајн. "Федералниот резервен систем започнува да ја намалува програмата на квантитативното ублажување, односно го намалува обемот на печатење пари. Ова има позитивно влијание врз доларот.  Но, доларот, според моите проценки, во однос на основните светски валути изгледа прилично скап. Рубљата ќе им помага на високите цени на нафтата и гасот, исто така, на курсот на рубљата позитивно влијание ќе има забавувањето на темпото на инфлација и забрзувањето на економскиот напредок. " Што се однесува до еврото, според мислењето на повеќето експерти, во даден момент, оваа валута изгледа прилично скапо во однос на рубљата и во однос на доларот. Затоа, малку преценетото евро во наредните месеци може умерено да поевтини. Еврото го поддржува обновувањето на економскиот раст во Европа, затоа силни движења на курсот на еврото во однос на доларот не треба да се очекуваат, вели Марк Рубинштајн. Јапонскиот јен во 2014 година со голема веројатност ќе продолжи да слабее, бидејќи тој ослабна минатата година во однос на доларот за речиси 25%. Така јапонските финансиери значително ја зголемија атрактивноста на својот извоз и го подобрија здравјето на водечките корпорации. Но, проблеми во јапонската економија од тоа нема помалку. Компаниите од секторите за висока технологија и понатаму губат од своите конкуренти од Јужна Кореја, внатрешниот бруто производ расте многу слабо, државниот долг надмина 10 трилиони долари - што е два пати повеќе од целата економија на Јапонија. Токио ќе го продолжи курсот за слабеење на својата валута уште, бидејќи програмите за помош на економијата во суштина не успеја, вели шефот на Одделот за информации и анализи на меѓународните пазари на инвестициски компании, Финам Михаил Аристакесјан. Во областа на виртуелните валути следната година не е исклучено бумот да продолжи. Бројот на клонови на биткоинот може се приближи до бројката 100 од кои, сметаат некои експерти. Според мислењето на другите, од пазарот ќе почнат да исчезнуваат оние валути, кои се појавија во последно време. Паричната маса на биткоинот е повисока отколку кај кој било конкурент, што значи нејзино водство во сегментот на криптовалутата во догледна иднина, ништо не се заканува. Во 2014 година најверојатно ќе продолжи расправата за законско регулирање на овој вид на пари. Криптовалутата и пред се биткоинот, често фигурираат во меѓународната криминална хроника. Покрај тоа, централните банки во светот не се заинтересирани за растот на конкуренцијата од страна на виртуелните пари. Тие ќе вложат максимални напори да го оградат населението од инвестиции со висок ризик, ограничувајќи го при тоа прометот на овие валути.   A.A.

Можеби ќе ве интересира

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници