10 Декември, 2024
0.0269

ШТО И КАКО СЕ СЛУЧИ: Димитров ги образложи сите факти околу референдумот

Објавено во: Македонија 03 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров на Фејсбук образложи неколку факти поврзани за референдумот. 

Според него,  факт е дека на референдумот не гласаа повеќе од половината граѓани (903.169) од вкупно запишаните на избирачкиот список (1.806.336). 

Факт е дека избирачкиот список не е воопшто реален, ако се земат предвид податоците на Фондот за здравствено осигурување.  416.382 се малолетни лица, без право на глас, од вкупно 1.872.466 осигуреници. 


„Дали стотици илјади граѓани ни се иселени? Да. Дали е факт дека референдумот беше консултативен, односно незадолжителен? Да. Дали е факт дека без формална излезност, одлука на народот, одлуката се враќа на институциите? Да. Дали е факт дека со постигната излезност беа потребни само 441.585 гласови ЗА? Да. Дали е факт дека имавме 609.813 гласови ЗА? Да. Тоа значи дека не ни требаа повеќе гласови ЗА, туку повеќе гласови ПРОТИВ. Дали е логично да фалат гласови ПРОТИВ, за резултатот да биде ЗА? Не е. Дали е факт дека 609.813 граѓани се поголемо мнозинство од сите граѓани кои гласале на парламентарните избори во 2016 (1.191.854) и од сите кои гласале на локалните избори во 2017 (1.079.876)? Да. Дали е факт дека во програмата на ДПМНЕ на страна 295 пишува дека референдумот ќе биде успешен доколку го поддржат мнозинство од граѓаните кои ќе ИЗЛЕЗАТ да гласаат, а не мнозинство од запишаните на избирачкиот список? Да. Еве цитат: “ВМРО-ДПМНЕ, како одговорна и народна партија, нема да дозволи кое било решение за спорот кој го наметна Грција, да биде прифатено од страна на политичари поединци, Влада или Собрание, без претходно за тоа да се изјаснат македонските граѓани на референдум, а при тоа мнозинството од граѓаните кои ќе излезат на референ- думот да се согласни со можното решение.” Дали е факт дека прашањето за референдумско консултирање на граѓаните за прашањето за името беше воведено од сегашната опозиција за сега да “апстинираат”? Да“- пишува Димитров. 

Вели факт е дека се плашеле од пораз и решиле да не учествуваат (секоја чест на исклучоците) и да се кријат зад иселените, кои решиле да си ја бараат Европа надвор од Македонија. 

„Дали е факт дека ова мнозинство граѓани, кое би победило и на парламентарните во 2016 и на локалните во 2017 сака Македонија да оди напред? Да. Дали Собранието ќе најде сила да го слушне гласот на мнозинството? Гласот на народот? Ќе видиме деновиве. Да имаше еден, ЕДЕН глас ПРОТИВ повеќе, ќе се поклоневме и ќе креневме раце. Но со вака убедливо мнозинство ЗА, наша должност кон народот е да најдеме начин да зачекориме напред, без или со нови избори“- вели Димитров. 

Додава дека да беше лесно, немаше да биде историски.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТОГАЛЕРИЈА) ПРОТЕСТ ПРОТИВ ЗАГАДУВАЊЕТО: Tоа е мрак повеќе од една деценија, во кој многу луѓе испуштија здив

(ФОТОГАЛЕРИЈА) ПРОТЕСТ ПРОТИВ ЗАГАДУВАЊЕТО: Tоа е мрак повеќе од една деценија, во кој многу луѓе испуштија здив

ЗАГАДЕН ВОЗДУХ: Во пет градови вечерва тешко се дише

ЗАГАДЕН ВОЗДУХ: Во пет градови вечерва тешко се дише

Уапсен е Васко Стефанов, поранешниот директор на ЕСМ

Уапсен е Васко Стефанов, поранешниот директор на ЕСМ

ШТО ВИ ДИШАТ ДЕЦАТА: Граѓаните се кренаа на протест поради загадениот воздух

ШТО ВИ ДИШАТ ДЕЦАТА: Граѓаните се кренаа на протест поради загадениот воздух

МУЦУНСКИ ГО ВРАЌА СИНАНИ ОД ЊУЈОРК: Oсмани и Груби незаконски го испратиле

МУЦУНСКИ ГО ВРАЌА СИНАНИ ОД ЊУЈОРК: Oсмани и Груби незаконски го испратиле

(ФОТО) Се мести елката на градскиот плоштад во Скопје

(ФОТО) Се мести елката на градскиот плоштад во Скопје

Здружението на судии побара брза разрешница на случајот со судијата Беџети и црната листа на САД

Здружението на судии побара брза разрешница на случајот со судијата Беџети и црната листа на САД

ЛЕВИЦА СО ИНИЦИЈАТИВА ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИТЕ: ДПМНЕ и ВРЕДИ сакаат „статус кво“ за двојазичноста во Македонија

ЛЕВИЦА СО ИНИЦИЈАТИВА ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИТЕ: ДПМНЕ и ВРЕДИ сакаат „статус кво“ за двојазичноста во Македонија

ДАВКОВА СИЛЈАНОВСКА ОЧЕКУВА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА РЕАГИРА ЗА ГРУБИ И БЕЏЕТИ: „Страшно е во политиката да има такви луѓе“

ДАВКОВА СИЛЈАНОВСКА ОЧЕКУВА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА РЕАГИРА ЗА ГРУБИ И БЕЏЕТИ: „Страшно е во политиката да има такви луѓе“