18 Декември, 2025
0.0407

Што и стори гласањето за уставните измени на берзата?

Објавено во: Економија 22 Октомври, 2018 20:14

Добивај вести на Viber

Значаен раст на цените на акциите на Македонска берза денеска. Индексот на МБИ 10 до моментов има раст од над 5,7 проценти, а во „зелено“ се цените на акциите на повеќето компании. Некои до нив забележале до сега раст од десет проценти. Ова е прв ден на тргување на берзата откако во петокот вечерта Парламентот даде зелено светло за Уставните измени со кои како што се тврди, ќе се одблокира евроинтегративниот процес во земјата.

За дел од аналитичарите ова е една од причините за зголемениот интерес за акциите и за растот на цените. Сепак велат дека фундаментот се добрите финансиски резултати на компаниите. Затоа, се очекува овој нагорен тренд да продолжи.

„Цените на акциите во земјава дефинитивно се потценети, а имавме најдобар семестар во посоледните 10 години, ако се анализира по финансиските извештаи на компаниите. Од друга страна, Народната банка уште ги држи ниски каматните стапки па инвестирањето е поатрактивно. Очекуваме прилив на странски директни инвестиции кои повеќето би влегле и преку берза. Има инвеститори, има добри прилики, добри профити и добри биланси. Во наредна година очекуваме силен влез на вложувачи на Македонска берза, вели Васко Митев, Илирика Инвестмент.

Сепак дел од расположението на берзата денеска секако се должи на случувањата на политички план. Денеска над 90 отсто од прометот е направен од домашни инвеститори, кои што купуваат на позитивен сентимент.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје