Што има во „проблематичниот“ заем од 90 милиони евра: Ќе го вратиме за 12 години, а ќе се плати и провизија
Објавено во: Економија 07 Октомври, 2020
Позајмувањето го проблематизираше поранешната дополнителна министерка за финансии во техничката влада Гордана Димитриеска Кочоска, Владата веднаш по составувањето одлучи да го земе без одолговлекувања. Заемот од Меѓународната банка за обнова и развој - Светска банка вреден 90 милиони евра сега стаса во Собрание на усвојување. Владата даде зелено светло и ќе се усвојува по скратена постапка. Но каков е карактерот на овој заем и за што планира Владата да ги троши парите?
Во законот стои дека целта на овој заем е да се обезбедат средства за финансирање за да се овозможи реализација на Проектот за итно справување со COVID-19. Кредитот е 90 милиони евра и ќе се спроведе преку Единица за имплементација на проектот, која веќе функционира во Министерството за труд и социјална политика.
Самиот проект има три дела – едниот таканаречен итен одговор на Ковид-19 иако епидемијата трае веќе неколку месеци. За оваа намена се планирани 34,05 милиони евра.
Од нив 5,4 милиони евра треба да да се потрошат за како што стои, подобрување на откривањето на случаи, нивна потврда, следење на контактите, известување и мониторинг. Други 18,01 милион евра се за зајакнување на здравствениот систем на државата, а 10,64 се за финансирање на придонесот за здравствено осигурување за ранливи корисници.
Интересен е вториот дел од кредитот насловен „Поддршка на домаќинствата за да се овозможи социјално дистанцирање“ – за оваа намена ќе се потрошат 54,83 милиони евра. Од нив 27,83 милиони евра се за обезбедување на привремена поддршка за социјална помош, а 27 милиони евра се за привремена поддршка за надомест во случај на невработеност.
Третата компонента е „Имплементација на проектот, известување, вклучување на заедницата и мониторинг на проектот за што се планирани 0,9 милиони евра.
Заемот за овој проект државата ќе го плаќа од буџетот, а рокот за отплата е 12 години, со вклучен грејс период од 3 години. За парите државата ќе плати каматната стапка од утврден е шестмесечен ЕУРИБОР со варијабилен распон.
„Заемот ќе се отплаќа на 18 полугодишни рати, од кои 17 полугодишни рати секоја во износ од 5,56 проценти од износот на заемот, додека последната 18 рата во износ од 5,48 проценти од износот на заемот. Заемот ќе се отплаќа на 15 март и 15 септември секоја година, стои во договорот.
Инаку Македонија има обврска да и плати на Меѓународната банка за обнова и развој - Светска банка еднократна провизија од 0,25 проценти од износот на заемот. Оваа провизија за Проектот изнесува 225.000 евра и ќе биде платена еднократно од средствата на заемот. Дополнително Македонија ќе ѝ плаќа на Меѓународната банка за обнова и развој - Светска банка провизија во висина од 0,25 отсто од неповлечениот дел од заемот на годишно ниво, со исклучок на периодот од една година од датумот на пресметка на оваа провизија кога ќе изнесува 0 проценти.
А.Т.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.