06 Октомври, 2024
0.0251

Што ќе страда во економските релации меѓу Македонија – Грција?

Објавено во: Економија 02 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Грчките настани не треба да бидат причина за паника во Македонија, но треба будно да се следат сметаат економистите во земјава. Речиси сите ја потенцираат важноста од навременеото следење на банкарските трансакции и улогата на НБМ, важен детал кој превенира можни големи одливи на пари. Исто така, она што за македонија е важно следниот период е како кризата ќе се одрази во размената на Македонија со Грција, а и во релациите во пограничните региони, каде еден огромен број од македонското наслеление живееше од парите кои Грците ги трошеа во земјава. Економскиот аналитичар и универзитетски професор Крсте Шајноски во интервју за Кирилица вели дека Македонија нема причини за вознемиреност, но дека треба да сме будни. - Ваквиот развој на настаните во Грција предизвика вознемиреност и во нашата земја која има релативно развиени економски односи со Грција. Една од трите големи и една средна банка во Македонија се во доминантна сопственост на грчки субјекти. Трговската размена изнесува неколку стотици милиони евра, а илјадници македонски граѓани редовно годишните одмори ги поминуваат во Грција. А тоа каква ќе биде нивната иднина зависи од тоа какво ќе биде крајното решение-Грција со евро или драхма, односно Грција во ЕУ или надвор од ЕУ. Од она што е познато, засега, нема посериозни проблеми за банкарскиот систем во Македонија. Нашата централна банка ги има преземено сите неопходни мерки грчките превирања да не се одразат неповолно врз банкарскиот систем во земјата. Целосно се затворени вратите за можен одлив на капитал од Македонија во Грција. Банките нема да можат да даваат позајмици и да вложуваат кон Грција. Плаќањата по тековни трансакции продолжуваат како и досега. Нема никакви причини за вознемиреност. Слично размислува и професорот Томе Неновски. - Ако земјата има многу низок кредитен рејтинг како што е случај со Грција чиј рејтинг е на најдолното ниво, тогаш банката секое изложување мора да го заштити со издвојување резервација. На пример ако станува збор за кредит од 10 милиони евра, банката треба да го заштити со издвојување на пет милиони евра, резервација. Тие пари остануваат во домашната банка. Банките со грчки капитал во земјата немаат такви кредити, тие се стабилни и ликвидни и оттаму нема опасност ниту за штедните влогови на македонските граѓани, вели професорот Неновски. Според оценки на економистите, потегот на НБМ не е задоцент и има превентивна улога за да се спречи одлив на капитал. Според поранешниот гувернер и еден од поранешните министри за финансии, со мерките за ограничувања ќе бидат засегнати, особено фирмите од земјава кои работат во Грција. “Ова значи дека нема да бидат можни вложувања во фими во Грција или нивни подружници во странство, но се забрануваат и капитални одливи кон физички лица кои практично се јавуваат како доминатни сопственци во такви фирми или се членови на роковдни тела. Сумирано, овие мерки значат дека нема да биде можно ниту инвестирање, вложување во финансиски или пензиски фондови во Грција, купување на акции во грчки државни фирми, односно вложување на се што значи капитал“, објаснува поранешниот гувернерот Гошев.

Можеби ќе ве интересира

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта