ШТО ЌЕ ДОБИЈАТ МЛАДИТЕ - ваучери за сите средношколци и студенти до 29 години што немаат приход над 250 евра
Објавено во: Македонија 18 Мај, 2020 11:12
Со третиот сет економски мерки на Владата, кои се однесуваат на младите, ќе бидат опфатени сите млади до 29 години, појасни во вчерашното интервју за ТВ Сител, лидерот на СДСМ Зоран Заев.
„Ќе бидат опфатени сикте млади до 29 години. Тука се, прво, сите студенти и сите средношколци. Секако, тука нема да бидат опфатени млади кои работат, а имаат приход над 15 илјади денари. Зошто? Заради тоа што имаме млади кои што работеа во серктори кои што дури имаат и екстра профит, како што е фармацијата, малопродажбата, како и други дејности, кои не само што не беа погодени од кризата, туку имаа дури и дополнителни добивки од целата оваа работа. Но, сите оние кои се со приход под 15 илјади денари, ќе ги користат мерките“, рече Заев.
За оваа мерка Владата најави дека таа е парична поддршка за млади дo 6.000 денари, платежна домашна картичка од 3.000 денари и ваучери за кофинансирање за обуки за ИТ и дигитални вештини.
„Ова е силна поддршка за младите, за да продолжи образовниот процес непречено и за да се обезбеди куповната моќ, како придонес кон студентскиот и ученичкиот стандард. Мерката опфаќа ваучери од најмногу 6.000 денари за покривање на партиципација во Универзитет или за сместување во студентски, ученички домови и регистрирани сместувачки капацитети за студенти и средношколци кои доаѓаат од семејства со ниски приходи. Мерката вклучува и платежна картичка за млади, во вредност од 3.000 денари за домашни производи и услуги. Воведуваме и ваучери до 30.000 денари за кофинансирање на обуки, тренинзи и курсеви за ИТ и дигитални вештини за млади. Со покривањето на трошоците за тренинзи и обуки, ги подржуваме младите да стекнат знаења и вештини од информатичката технологија кои ќе им овозможат брзо вработување во новата развојна економија. Оваа мерка ќе опфати 100 илјади млади сограѓани, во вредност од 12 милиони евра“, најавува Владата.
„Средствата од мерката за младите, за обука, за ИТ, за доедукација, каде со ова кофинансирање ќе ги направиме мчладите лесно вработливи, треба да се истрошат во текот на летото и есента, под услов младите да се регистрираат“, објасни Заев.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




