15 Декември, 2025
0.0459

ШТО ЌЕ ДОНЕСАТ ИЗБОРИТЕ ВО САД: Саздов - Америка е гарантор за нашиот мир!

Објавено во: Македонија 08 Ноември, 2016 08:00

Добивај вести на Viber

Познавајќи ги приликите, финансиите, медиумската моќ и присуството во истите, сметам дека Хилари Клинтон има поголеми шанси да стане следниот претседател на САД – вели во интревју за “Фактор“ пратеникот од редовите на Вмро-Дпмне во осмата изборна единица, односно во Америка, Павле Саздов.

Идниот пртеседател на САД ќе мора да реши големи проблеми ..

ФАКТОР: Изборната реторика, во пакет со меѓусебни сериозни обвинувања мѓу претседателските кандидати Трамп=Клинтон, засили. Дали во изминатиот период сепак, Америка оддржа лекција за тоа колку се важни предизборните соочувања и спротиставување на аргументи , и колку е ова значајно за одлука на гласачот ?

Саздов: Дебатите меѓу претседателските кандидати во САД започнуваат во рамки на самите партии а потоа и меѓу избраните партиски кандидати се втемелени во самиот изборен процес и општо прифатени, макар што морам да напоменам нивото на комуникација е драстично опаднато особеново оваа изборна кампања.Дебатите даваат дополнителен медиумски простор на директно соочување меѓу противниците и можност да се слушнат различните мислења и аргументи на едно место. Но нивната важност секогаш била под знак прашање бидејќи одредени кандидати имаат подобри ораторски способности, некој подобро може да се снајде во делот на репликите и контра-репликите инивниот резултат не секогаш соодветствува со генералното расположение. Како пример ќе наведамдека при последната дебата, мислењето е дека Хилари "победила"сонеколку проценти повеќе од Доналд. Но, еве можевме да прочитаме на последната анкета дека севкупно Доналд Трамп води со неколку процентни поени повеќе Хилари Клинтон. Сметам дека дебатите се добри, но не се пресудни за тоа како гласачите ќе гласаат на денот на изборите.

ФАКТОР: Колку и како изборите во САД ќе бидат значајни за глобалната геополитика?

Саздов: Имајќи ги во превид различните ставови на двајцата кандидати во поглед на Европа, НАТО интеграциите, односите со Русија, блискиот исток, мислам дека никој апсолутно не може да предвиди како овие избори ќе се одразат врз глобалната политика. Можеме само да претпоставуваме што би било кога би било но тоа не води никаде. Мислам дека кој и да биде избран на овие избори ќе мора веднаш да почне со решавање на крупни проблеми со кои е светот соочен. Решавање на прашањето во Сирија, справување со ИСИС, состојбата во Украина, излезот на Велика Британија од Европа, пропаднатите преговори за трговски договор меѓу Европа и Канада, проблемот со мигрантите, Турскиот тек, односите со Русија, и многу други прашања кои оваа администрација не успеа да ги реши а се значајни за задржување на глобалните позиции на САД.

ФАКТОР: Што би значела, што би донела победата на републиканците во однос на политиките кон Балканот, вклучително и Македонија?

Саздов: погрешно е мислењето дека републиканците имаат некаква посебна блискост кон Македонија или пак кон Балканот во целина. Да точно е тоа дека Србија беше бомбардирана во време на Бил Клинтон (демократ), Албанија и Хрватска станаа членки на НАТО во времето на Џорџ Буш (републиканец), но тоа е глобалната надворешна политика на Америка и нејзините јасно изразени ставови по прашањето на НАТО интеграциите, по прашањето на безбедноста, и тн. Победата на републиканците може да придонесе проблемите на Балканот и Македонија во поглед на овие прашања да бидат повеќе актуелни односно идниот претседател да обрне повеќе внимание на нивно решавање но не мора да значи. Да не заборавиме, САД се наш стратешки партнер и гарантор за нашиот мир и стабилност. Досега инвестираа огромни суми за различни проекти, разни обуки, експертска помош и тн. Кој и да победи во САД, дали републиканец или демократ, е добро за Македонија бидејќи прашањата кои се за нас битни секогаш ќе бидат релевантни во надворешната политика на САД.

ФАКТОР: Според ваши оценки и очекувања – кој ќе седне во Белата куќа?

Саздов: Познавајќи ги приликите, финансиите, медиумската моќ и присуството во истите, сметам дека Хилари Клинтон има поголеми шанси да стане следниот претседател на САД. Но, како и со Брегзит кој за многумина беше изненадување токму од горе наведените причини, така и со изборите во САД, сметам дека гласачите во Америка ќе донесат сопствена одговорна одлука за тоа кој ќе ја води нивната држава следните четири години. Кој и да одберат ќе биде добро за Македонија.


Можеби ќе ве интересира

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца