Што ќе види штипското обвинителство во хидроцентралата над кочанската брана „Градче“?
Објавено во: Економија 19 Февруари, 2021
Имало ли самоволие на инвеститорот и пропусти кај надлежните органи кои издавале дозволи за градба на мала хидроцентрала над кочанското езеро „Градче“? Како може Советот на Општина Кочани да нема никакви информации и по три години да дознае дека треба да даде дозвола за градба на мала хидроцентрала? Злоупотребил ли некој службена положба од општинскиот естаблишмент во Кочани пред три години? „Фактор“ се обрати до Јавното обвинителство од каде добивме одговор дека ја следат состојбата и сите информации кои се пласирани во јавноста и ако има елементи на кривично дело ќе постапи согласно своите надлежности!!!
Јавното обвинителство ги следи сите информации кои се пласираат во јавноста за индиции дека има нерегуларности во процесот на добивање дозволи за изградба на мала хидроцентрала над кочанското вештачко езеро „Градче“ препознатливо место за рекреација и риболов на жителите од овој дел на Источна Македонија. За „Фактор“ обвинителството потврди дека ги следи информациите во јавноста дека има можни недоследности и прекршувања на процедурите за издавање на дозволи за градба на оваа мала хидроцентрала која многу ги вознемири кочанчани и обедини триесетина невладини организации во борбата против градба на оваа хидроцентрала. Воедно во својот одговор до „Фактор“ од обвинителството велат дека досега не е поднесена кривична пријава за овој предмет за кој бурно и негативно реагираат мноштвото од жителите на Кочани.
„Фактор“ минатата недела испрати прашања до прес службата на Јавното обвинителство откако во јавноста со изјава излезе Сашко Стефановски, советник во два мандати во Општина Кочани и претседател на опшинската комисија за комунални работи, просторно планирање и заштита на животната средина во која истакна дека тие како советници немале никакви информации дека некој сака да гради мала хидроцентрала над популарното кочанско езеро на Мала река.
Советникот Стефановски изнесе неверојатни тврдења дека тие како советници немале поим дека некој ќе гради хидроцентрала и дека за тоа разбрале откако до општината допрел глас од љубители на природата кои забележале како се сечат дрвја по коритото на Мала река. Сомнежите им се потврдиле откако до општината стигнало барање за издавање градежна дозвола за градба на хидроцентралата.
На ова реагираат триесетина здруженија на граѓани од Кочани, советници како и актуелниот граданочалник Николчо Илиев.
„Фактор“ минатата недела достави прашање до ОЈО дали ќе постапи по допрен глас согласно член 272 од Законот за кривична постапка од изјава на советник на Општина Кочани во текст објавен на следниов линк
Од ОЈО вчера стигна овој одговор:
До овој момент до Јавното обвинителство не е поднесена кривична пријава за настанот за кој покажувате интерес. Јавното обвинителство ги следи сите информации и доколку бидат утврдени елементи на кривично дело, ќе постапи согласно своите надлежности.
Р.Ф.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.