25 Ноември, 2024
0.0247

Што ли се „крчка“ во кујната на „Уготур“?

Објавено во: Економија 30 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Акционерите ќе гласаат за предлог одлука со која „Уготур“ би складирал во сопствен откуп акции до цена која е 5 пати повисока од последната пазарна цена и три пати повисока од книговодствената вредност на акцијата

Акционерите на скопската компанија за подготовка на исхрана „Уготур“ ќе гласаат за предлог одлука со која се предлага акцијата на таа компанија во сопствен откуп да се купува до цена која е за повеќе од 5 пати повисока од последната пазарна цена! Ова е една од предлог одлуките за кои ќе се гласа на акционерското собрание закажано на 28 април, објавено е на информативниот сервис СЕИ – НЕТ.

Оваа предлог одлука привлече значајно внимание кај инвеститорите на нашиот пазар на капитал особено заради тоа што одлуката предвидува дека компанијата во сопствен откуп би откупила до 10 отсто од сите акции во ценовна маргина од 10 денари до 150 денари за акција. Моментално нема податок за тоа дали „Уготур“ чува акции во сопствен откуп и колкав е износот на акциите кои ги има во „стерилизација“ (н.з. овој термин се користи затоа што тие акции не носат право на глас ниту право на дивиденда додека се во сопствен откуп, а се плаќаат со компаниски ликвидни средства). Тоа значи дека и да има акции во сопствен откуп, тоа е помалку од 5отсто од сите акции затоа што друштвото не фигурира како сопственик на акции во јавната база на ЦДХВ:

Последната пазарна цена по која се тргувала оваа акција е постигната лани во јули и изнесувала 28 денари. Тоа е за пет пати пониска цена од максималната цена по која „Уготур“ би бил спремен да купува акции за во сопствен откуп.

Од јавно објавените податоци за лани се гледа дека „Уготур“ имал извонредно успешна деловна година и покрај бројните негативни влијанија врз бизнисот што ги предивика пандемијата. Компанијата лани има вкупни приходи од 4,4 милиони евра. Во најголема мерка приходите кои пораснале се обезбедени од услугите за исхрана кои „Уготур“ лани ги давал за вработените во скопска „Европа“. Ланската година била извонредна затоа што друштвото ги зголемило приходите за 22 пати во споредба со 2019 година. Друштвото завршило со добивка од 125.000 евра што исто така е неспоредливо подобро од 2019 година кога ја завршиле со загуба од 16.000 евра.

Вкупните обврски на компанијата на крај на 2020 година изнесуваат 1,65 милиони евра и се за 8 пати зголемени во однос на претходната споредбена година. Но зголемена е и вредноста на средствата и тоа речиси за 3 пати во однос на 2019 година и на крај на минатата година изнесува 2,32 милиони евра.

„Уготур“ во својата акционерска структура има три домашни физички лица и една компанија кои заедно контролираат мнозински пакет акции со право на глас (над 59 отсто). Компанијата има уште 5.650 мали акционери кои се домашни физички лица и кои поседуваат околу 35 отсто од акциите во друштвото.

Значајно да се истакне за „Уготур“ е тоа што е втор најголем поединечен акционер во „Макошпед“ која пак е најголем поединечен акционер во „Фершпед“, а поседува голем акционерски пакет и во скопската кондиторска индустрија „Европа“.

Р.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“