ШТО ЛИ СЕ СЛУЧУВА ВО БОГАТАТА ШВЕДСКА? Расте бројот на невработени, но тоа не е се
Објавено во: Свет 21 Октомври, 2024
Според извештаите, во септември во Шведска се регистрирани 468.000 невработени лица, додека бројот на вработени е 5,2 милиони.
Според сезонски прилагодените и приспособени податоци, стапката на вработеност во Шведска изнесувала 69 отсто, а просечниот број на работни часови 173,3 милиони неделно.
На 25 септември, централната банка на Шведска, Riksbank, ја намали референтната каматна стапка за 25 базични поени на 3,25 отсто, во согласност со очекувањата на пазарот.
Шведска неодамна доживеа бавен економски раст и се соочува со зголемување на невработеноста, а банката сака да помогне во решавањето на овие проблеми со намалување на каматните стапки, објави Блумберг.
Монетарната политика се движи во насока на експанзија, што ќе ги подобри финансиите на домаќинствата и ќе им олесни на компаниите да инвестираат, соопшти шведската централна банка.
Бизпортал.рс* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.