22 Ноември, 2024
0.0277

Што мислат српските граѓани за тоа дека Србија има најголем пораст на плати во светот?

Објавено во: Економија 18 Мај, 2023

Добивај вести на Viber

Откако српските медиуми се пофалија дека Србија има најголем раст на платите во светот во изминатите пет месеци, врз основа на податоците од World of Statistics, ги прашавме српските граѓани дали се согласуваат со тоа тврдење.

Велат дека дури и ако тоа е така статистички, сепак во земјата тешко се наоѓа работа, платите не се многу високи, а младите сакаат да се иселат. Некои информацијата ја земаат со доза на скептицизам.

„Србија нема најголем пораст на плати ни во југоисточна Европа, а не знам за кој свет се зборува. Овој во кој живееме не. Младите тешко се вработуваат. Многу пари се даваат за странски фирми, кои доаѓаат овде и заминуваат. Земјата е презадолжена. Перспективите се многу слаби. Како и вие, да сме во ЕУ во која тешко дека ќе влеземе за 20 години, пола држава би отишла надвор. Србија нема решена ситуација со Косово, така што од некој економски успех нема ништо. Ние сме земјоделска земја каде земјоделците го истураат млекото“, вели Зоран Шолаја, професор по економија од Белград.

Додава дека ако земјата е во проблеми, тогаш не можат да ги стигнат со плати ниту чистачите во Австрија.

Драган А, кој живее во јужна Србија вели дека платите во овој дел од државата се ниски, околу 40.000 динари, колку што изнесува минималецот и луѓето едвај врзуваат крај со крај. Објаснува дека медиумите ја величаат власта, но реално и луѓето кои работат во државно едвај поминуваат месец, а тешко им е да си платат летување или зимување.

„Младите заминуваат затоа што нема перспектива. Ништо подобро не е ниту во другите делови на Србија. Како вели Вучиќ, живееме во „златна доба“, а на народот му е полошо. Сè е подредено за мал број луѓе на власт, а нè јаде криминалот и корупцијата во спрега со власта. Полека стануваме колонија за странците, затоа што имаме евтина работна сила и не мораат да почитуваат еколошки закони“, вели Драган А.

Додава дека сите што се квалитетни бегаат од земјата и тоа е Србија, а не она што се говори на провладините медиуми.

Милена И. која живее во Белград вели дека платите пораснале, но цените скокнале многу повеќе и српските граѓани сега немаат некоја поголема куповна моќ од претходно.

„Не знам од каде е тој податок и можеби на поединци навистина во просек, односно драстично им скокнала платата, но на повеќето луѓе малку им порасна платата и тоа е вистината. Но, цените отидоа нагоре многу повеќе и се плашам дека не можеме да зборуваме за подобрување на стандардот на српските граѓани“, објаснува Милена И.

Србија, која забележа раст од 15,2 отсто, е на првото место на листата, а зад неа, во првите 5, се Босна и Херцеговина, Португалија, Белорусија и Романија.  Просечната плата во декември лани била 718 евра. Српските власти велат дека во декември ќе биде 816 евра. 

Сања Атанасовска

foto freepik.com/johan111

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит

Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит

СТОКАТА СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА СО КАМИОНИ МЕСТО СО ВАГОНИ – тројно намален превозот по пругите

СТОКАТА СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА СО КАМИОНИ МЕСТО СО ВАГОНИ – тројно намален превозот по пругите

ДАЛИ ЕТИАС ГАРАНТИРА ВЛЕЗ ВО ЕВРОПА? Ќе се „чешлаат“ апликантите, еве дали ќе добијат дозвола да влезат

ДАЛИ ЕТИАС ГАРАНТИРА ВЛЕЗ ВО ЕВРОПА? Ќе се „чешлаат“ апликантите, еве дали ќе добијат дозвола да влезат