Што му порачаа од ВМРО-ДПМНЕ и од МНР на Павлопулос?
Објавено во: Македонија 13 Јануари, 2017 19:10
ВМРО-ДПМНЕ денеска реагираше на изјавата на грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос за името на Македонија.
Велат дека пораките на грчкиот претседател се навредливи.
„Однесувањето на претседателот на Грција и давањето иритирачки, навредувачки и потценувачки пораки до македонскиот народ и држава очигледно е смислена стратегија за зголемување на конфликтноста помеѓу двете земји, и наместо решавање на спорот, негово усложнување, со измислување наводна опасност дека името го гледаат како закана по нивните граници“ - велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Секоја земја и нејзиниот народ има неприкосновено право на самоопределување и суверено да одлучува за своето именување и идентитет, реагираат од Министерството за надворешни работи.
„Провокација и неприфаќање на реалноста е кога одредени политичари не можат да се соочат со тој факт. Истото е во спротивност на општо прифатените меѓународни принципи и вредностите на европската интеграција. Република Македонија останува цврсто определена и посветена на градење на добрососедски односи и соработка и го очекува истото од своите соседи. Би ценеле претседателот Прокопис да ја посети Македонија и непосредно да се запознае со постоењето на македонскиот народ, неговиот јазик, култура и идентитет, кои не претставуваат никаква опасност ниту закана за никого во регионот. Се додека има потешкотија да се разбере дека живееме во 21 век и дека споделуваме универзално прифатени вредности и човекови права кои подеднакво се однесуваат на секој човек, постои ризик да се остане заробен во минатото “ - стои во реакцијата на МНР.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




