16 Мај, 2024
0.0335

Што на Словачка и донесе воведувањето на еврото?

Објавено во: Свет 09 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Преминувањето на Словачка на евро, во јануари 2009 година, и покрај големото „баук“ поскапување, ги зголемило цените се на се, за около 0,15 отсто, покажаа пресметките на Народната банка на Словачка. „Еврото нема никакво директно влијание на формирањето на цените во некои земји. Под услов да не се менува стапката на инфлација, сите измени во цените зависат од трговците и од психолошкото влијание на луѓето“, изјави за „Правда“, директорот на Саксо банк за средна и источна Европа, Карол Пиоварчи. Тој, како типичен пример на поскапување, кое е поврзано со воведувањето на еврото, го наведува обичајот на трговците да ги заокружуваат цените нагоре, а кај евтината роба и услуги тоа може процентуално значително да ја зголеми цената. Словачка, со новиот пропис, со кој се забранети неоснованите поскапувања и кампањи на потрошувачките здруженија во време на воведување на еврото во 2009 година, успеала да спречи масовно поскапување преку заокружување на цените, но некои роби и услуги, на пример, шолја кафе, леб или посета на фризер, навистина на тој начин поскапеле. „Тие поскапувања беа сепак концентрирани во помалите продавници и угостителски објекти“, вели економистот, Марек Шперлих. До значително поскапување дошло дури во 2011 година, кога ДДВ-то во Словачка беше зголемено за еден отсто. Словаците, како граѓаните, така и официјалните економисти, денес се уверени дека еврото и помогнало на Словачка да помине со помали турбуленции и стопански потешкотии низ кризата, од светската еконосмка, преку должничката во еврозоната. Сепак, 40 отсто од Словаците кога купуваат, се уште ги пресметуваат еврата во неважечките словачки круни. Словаците инаку, не стигнале да променат во евра дури 716,5 милиони словачки круни во метални кованици, а кога тие пари, кои Народната банка на Словачка ги менуваше до крајот на минатата недела, ќе се пресметаат, излегува дека на Словаците им пропаднале 24 милиони евра. Книжните банкноти централната банка се уште ги менува, неограничено долго, а Словаците и странците, се уште, според пресметките на Народната банка, држат кај себе околу 103 милиони евра во словачки круни.  

Можеби ќе ве интересира

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“