Што најмногу купувале граѓаните во септември?
Објавено во: Економија 31 Октомври, 2025 17:01
Прометот во трговија на мало со храна, пијалаци и тутун во септември бележи годишно намалување од 0,8 отсто номинално. Реално овој пад изнесува 7,1 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика(ДЗС).
Податоците покажуваат дека прометот во трговија на мало со непрехранбени продукти без гориво, номинално е зголемена за 12,1 отсто, а реално за 7,6 отсто. Oблека, мебел и други производи е она што граѓаните повеќе го купувале.
Прометот во трговија на мало, освен трговија со горива, номинално е зголемена за 5,7 отсто, а реално за 0,1 отсто.
Податоците покажуваат дека прометот во трговија на мало со автомобилски горива се намалил реално за 1,5 отсто, а номинално за 0,8 отсто.
Трговијата на големо и на мало моторни возила и мотоцикли, делови и прибор и нивно одржување и поправка бележи намалување за 4,2 отсто, а трговија на големо, освен трговија со моторни возила и мотоцикли бележи раст од 4,1 отсто.
foto freepik.com/senivpetro
Можеби ќе ве интересира
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?
Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?
Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје




