Катица Јанева: Од големи очекувања до неславна оставка
Објавено во: Македонија 16 Јули, 2019
Иако се очекуваше да го засили темпото со промената на извршната власт и рекордната поддршка од 63 отсто да ја верификува со резултати, СЈО предводено од Катица Јанева западна во длабоки компромитации и голем пад на рејтингот, за пикот на се да биде нејзината (не)очекувана оставка и евентуална поврзаност со рекетари, Таквиот, условно наречен, „крај“ е над посакуваните очекувања дури и за најголемите нејзини критичари
Инаку СЈО во досегашниот безмалку четиригодишен мандат на Јанева преслуша, анализираше и обработи околу 600 илјади аудио фајлови, а за својата работа има финансиски буџет од околу три и пол милиони евра евра годишно. Доби пет осудителни предмети, а еден е загубен пред Основен суд.
Титаник 1, Титаник 2, Титаник 3, Транспортер, Таргет/Тврдина, ТНТ, Тортура, Тврдина 2, Насилство во општина Центар, Трезор, Топлик, Тендери, Шпион, Тарифа, Тенк, Труст, Табла, Триста, Тотал, Тифани, Траекторија, Тревник, Талир 1, Талир 2, Маџар Телеком, се предметите за кои има или имало обвиненија и судски рочишта.
Во фаза на истрага се предметите Рентген, Продуцент, Транспортер 2, Тарифа 2, Странски служби, Друмарина, Лидери, Актор, Попис, Моќник, Дизајн, Монструм, Поштенска Банка, Пропаганда, Империја, Хармонија, Базни станици, Пациент и Подарок.
СЈО очекува во претстојниот период да се регулира статусот на ова Јавно обвинителство во јавнообвинителскиот систем како самостојна институција која ќе има автономност во постапувањето по делата од негова надлежност и гонење на кривични дела на корупција и перење пари од висок профил, бидејќи првичниот „пржински“ мандат истекува на 15 септември.
Актуениот состав на СЈО верува дека ги има потребните капацитети, стручното знаење и искуствата, како и поддршка од меѓународниот фактор, кој на СЈО гледа како на еден од клучните механизми во интегративните процеси и предусловите за членство на Македонија во Европската Унија и НАТО.
Со новото законско решение за јавното обвинителство, за кое премиерот Зоран Заев инсистира за лидерска средба в петок, се верува дека ќе се надминат пречките и недоследностите во голем дел од домашното законодавство во кое ова Јавно обвинителство не е интегрирано.
СЈО очекува со новото законско решение да има достапност до акредитирана форензичка лабораторија и дека во идниот период судот поинтензивно ќе ги закажува рочиштата по одобрените обвиненија и ќе се избегнува нивното непотребно одлагање.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.