18 Декември, 2025
0.0908

Што претставува био-отпадот и зошто е важно да го селектираме?

Објавено во: Мои пари 27 Август, 2025 14:16

Добивај вести на Viber

Во нашето секојдневие често не размислуваме каде завршуваат органските остатоци од храната, земјоделските производи или отпадот од градините и парковите. Но токму овој вид отпад — познат како био-отпад претставува значителен дел од вкупниот комунален отпад што се создава во домаќинствата, установите, угостителските објекти, градините и пазарите на земјоделски производи. Станува збор за органски отпад, како што се остатоци од храна, расипано овошје и зеленчук, талог од кафе, хартиени салфетки со остатоци од храна, треви, лисја, гранки и градинарски отпад кој се распаѓа по природен пат. Во Северна Македонија, био-отпадот сочинува до 40-50% од вкупниот отпад што завршува на депониите, што укажува на неговата нагласена присутност.

За жал, овој тип отпад најчесто се третира како обичен комунален отпад, без никаква селекција, и завршува на несоодветни депонии каде што создава значителни штетни емисии и придонесува за климатските промени. Имено, неправилното складирање и третирање на био-отпадот доведува до создавање на метан –стакленички гас кој има значителен удел во глобалното затоплување. Дополнително, био-отпадот што се разградува неконтролирано на отворено емитува непријатни миризби и привлекува штетници, што претставува ризик за јавното здравје и квалитетот на животната средина. Затоа, неопходно е да се воспостават функционални системи за негово одделно собирање и селекција, почнувајќи од самите граѓани и нивните домаќинства. Одвојувањето на био-отпадот е првиот чекор кон воспоставување на циркуларна економија во која отпадот се третира како ресурс.


Селектираниот био-отпад може да се искористи за производство на компост – природно органско ѓубриво со висока хранлива вредност за почвата, или пак да се пренамени во биогас кој се користи како обновлив извор на енергија. На тој начин, од материјал што инаку би завршил на депонија, се добиваат производи со висока економска и еколошка вредност. Воедно, со развивање на системи за управување со био-отпадот се отвораат можности за нови зелени работни места, особено во секторите на социјалното претприемништво, земјоделството и енергетиката.

Клучен предуслов за успешно управување со био-отпадот е подигнувањето на јавната свест и информираноста кај граѓаните. Во таа смисла,  потребно е да се разбере дека био-отпадот не е безвреден, туку напротив – претставува важен ресурс кој ако соодветно е искористен може да ја намали потребата од хемиски ѓубрива, да ја подобри почвената структура и да го намали притисокот врз депониите. Во време кога климатските предизвици се сѐ понагласени, а урбаните средини се соочуваат со зголемен обем на отпад, управувањето со био-отпадот станува не само еколошка обврска, туку и прашање на одржлив развој и општествена одговорност. Затоа, важно е оваа тема да биде поставена високо на агендата на локалните власти, институциите и граѓанските организации, а секој граѓанин да стане активен дел од решението.

Oваа статија е дел од јавната кампања која се спроведува  во рамките на Проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“спроведуван од Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Еко Логик и Флорозон - Центар за еколошка демократија. Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија и Амбасадата на Швајцарија во Македонија (Embassy of Switzerland in North Macedonia) преку Цивика мобилитас (Civica Mobilitas)  и ќе се споведува до октомври 2026 година.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“