25 Ноември, 2024
0.0264

Што продаде „Силекс“ за 11 милиони евра?

Објавено во: Економија 22 Март, 2021

Добивај вести на Viber

РИК „Силекс“ со неговите фирми ќерки во корона криза ги зголеми приходите од продажба за 24 отсто. Тие надминале 10 милиони евра од продажба на сунѓер, жива стока, сирење, патенти и силекс кугла. Оперативната добивка е зголемена за 62 пати од 2019 година, а нето добивката за 53 отсто. Неверојатен резултат на реална основа во корона криза!

Поранешниот рударско индустриски гигант – кратовски „РИК Силекс“ лани оствари 11,2 милиони евра приходи од продажба што е зголемување на продажбата за 24 отсто о споредба со претходната година. „Силекс“ лани приходите ги направил од продажба на сунѓер, сирење, јагниња и јариња, патенти како и од продажба на „силекс кугла“ пишува во образложението кон консолидираните финансиски извештаи на компанијата.

На домашниот пазар „Силекс“ лани продал производи и услуги во вредност од 5 милиони евра и тоа е за 36 отсто повеќе од 2019 година кога продажбата била 3,75 милиони евра. Извозот на компанијата и нејзините фирми – ќерки лани изнесувал 4,95 милиони евра и тоа е за 15 отсто подобро од претходната споредбена година. Финансиските податоци за продажбата на групацијата „Силекс“ лани покажуваат дека компанијата не само што одлично се справила со здравствената криза туку и немала никакви негативни последици, туку напротив, ја завршила годинаата со подобри резултати од продажбата.

Останатите приходи од дејноста на „Силекс“ лани изнесуваат 1,1 милиони евра. И се за 24 отсто помали од претходната година.

Оперативните расходи ги следат оперативните приходи и на крај на 2020 година се зголемиле за 42 отсто достигнувајќи 11,2 милиони евра. Трошоците за суровини и други материјали се најголема расходна ставка која воедно имала и најголем раст во однос на 2019 година. Тие изнесувале 6 милиони евра што е за 74 отсто повеќе од претходната година. И трошоците за вработените се зголемени за 36 отсто и достигнале 2,63 милиони евра. Оперативната добивка на друштвото изнесува 150.000 евра и во споредба со претходната година е поголема за 62 пати!

Диспаритетот меѓу финансиските приходи и финансиските расходи РИК „Силекс“ висок 83.000 евра компанијата ја намали добивката на компанијата. Но и покрај тоа негативното влијание таа е за 53 отсто повисока од претходната година и изнесува 65.000 евра.

Обврските на „Силекс“ на крај на минатата година се зголемени за 17 отсто и достигнале 8,4 милиони евра. Побарувањата од купувачи достигнаа 2,6 милиони евра и се за 15 отсто повисоки од претходната година. 

Р.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“