19 Декември, 2025
0.0435

Што се содржи договорот со Бугарија?

Објавено во: Финансии 27 Јули, 2017 08:22

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев вчера на прес-конференција го презентираше и образоложуваше договорот за добрососедство со Бугарија. 

Договорот е составен од 14 члена со кои се уредуваат економските и билатералните односи на двете земји, врз база на меѓународното право и добрососедство.

Со договорот се предвидува развој и соработка со државите од Југоисточна Европа, зајакнување на мирот и стабилноста на регионот и реализацијата на регионални проекти како дел од создавање единствена Европа. Двете влади исто така се обврзуваат за одржување контакти и средби на претставниците на државната и на локалната власт.

Со член 1 и член 2 се планира развивање на сестрана соработка меѓу двете земји, како и соработка во рамки на Обединетите нации, ОБСЕ, Советот на Европа и во други меѓународни организации, но и во областа на европската и евроатлантската интеграција на Македонија.

Властите на двете земји се обврзуваат да создаваат неопходни правни, економски, финансиски и трговски услови за обезбедување на најшироко можно движење на стоки, услуги и капитал, како и да ја зголемат туристичката соработка, да ги подобрат транспортните врски и комуникациите меѓу нив, вклучително во рамките на регионалните инфраструктурни проекти.

Двете држави во делот на културното наследство се обрзуваат со заемна согласност заеднички да чествуваат историски настани и личности.

Во делот на соработката во област на културата, образованието, здравството, социјалната грижа и спортот, се предвидува во рок од три месеци од стапувањето на договорот на сила да се формира заедничка мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, која врз база на историски докази ќе работи на подготвување на образовните содржини. 

Член 11 од договорот предвидува и двете држави да не преземаат, поттикнуваат и да не поддржуваат дејства насочени против другата земја, кои имаат непријателски карактер, но и да не дозволат нивната територија да биде искористена од организации и групи за загрозување на мирот и безбедноста на другата држава. Двете земји гарантираат дека немаат територијални претензии една кон друга, но имаат право да ги заштитуваат правата и интересите на своите државјани на територијата на другата дражва, во согласност со меѓународното право.

Со овој член Македонија исто така се обврзува дека нема да се меша во внатрешните работи на Бугарија заради заштита на статусот и правата на Македонците во Бугарија, кои не се државјани на Република Македонија.

Во овој член се предвидува и заедничка борба против говорот на омраза и национализмот. 

За спроведувањето и за почитувањето на договорот ќе биде формирана заедничка меѓувладина комисија, која ќе одржува редовни седници еднаш годишно.

На крајот се наведува дека договорот стапува на сила откако ќе биде ратификуван од двете држави, но и дека може да биде изменет со писмена согласност од двете страни или раскинат со писмено известување на другата договорна страна. Важноста на договорот во токов случај престанува една година од приемот на известувањето.

Договорот за добрососедство со Бугарија, ќе биде потпишан на македонски и на бугарски јазик на 1 август во Владата на Република Македонија.

Можеби ќе ве интересира

ДРЖАВНА ИНСТИТУЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ ЗА ПЛАТИ КОИ ДОСТИГНУВААТ ОКОЛУ 70 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ – еве кои профили се бараат

ДРЖАВНА ИНСТИТУЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ ЗА ПЛАТИ КОИ ДОСТИГНУВААТ ОКОЛУ 70 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ – еве кои профили се бараат

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани