ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕМЕ АКО НАИДЕМЕ НА ЗМИЈА - експерти советуваат како да се однесуваме
Објавено во: Македонија 26 Јуни, 2021 19:00
Богољуб Стериовски, херпетолог, кој ги проучува водоземците и влекачите, од македонското еколошко друштво, за ТВ Канал 5 објасни како треба да внимаваме и кои се безбедносни услови што треба да ги запазиме доколку не сретне змија.
„Препораката е секогаш да ја избегнеме змијата во широк круг. Вообичаено тие бегаат од нас, но некои од видовите знаат и да се притајат, се со цел да помине опасноста, односно во случајот да поминеме ние, за да можат да продолжат“, вели Стеровски.
Треба да се внимава на места каде што има високи треви.
„Ако случајно наидете на змија, само оставете ја да помине по својот пат, бидејќи змијата напаѓа само кога е загрозен“, потенцираат познавачите.
Во земјава има 15 видови змии, но само пет вида се отровни. Препорака на експерите е за сите случаи на каснување помош да се побара од најблиската клиника или во најблискиот медицински центар.
Како што веќе пишувавме, во центарот на Скопје бше забележана змија.
Корисничка на социјалната мрежа Инстаграм објави видео во кое се гледа како змијата комотно си се движи по прегреаниот скопски асфалт.
Змијата се движи во близина на кејот, кај Министерството за надворешни работи.
Корисничката на инстаграм се интересирала каде може да ја пријави змијата, а откако било советувано да се јави во Центарот за Управување со кризи и во Град Скопје, таа се обидела да воспостави телефонски контакт, бидејќи на фиксните телефони што ги имаат ставено на своите веб страници овие две институции, никој не одговарал.
Таа ги советува граѓаните да внимаваат, а воедно упатува апел до надлежните да излезат на терен.
Инаку, видеото е направено утрово, во 7.21 часот.
Во општина Карпош веќе се става средство против змии.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




