06 Декември, 2025
0.0323

ШТО ВЕЛАТ БАНКАРИТЕ: Дали е можно поевтинување на кредитите?

Објавено во: Финансии 29 Март, 2017 07:59

Добивај вести на Viber

Потрошувачките кредити остануваат најатрактивни за граѓаните. Во февруари, на годишно ниво Народната банка регистрираше раст за 13 отсто кај овој вид на кредитна понуда, но околу 13,4% пораснеле и станбените кредити. Кај автомобилските е забележан пад. И покрај ниските камати што ги диктира НБМ, намалувањето на каматите на кредитите оди бавно. Според дел од банкарите што ги консултираше “Фактор“ голем удел за тоа има и вкупната политичка неизвесност.

Банките пливаат во пари – дали има каде да ги вложат?

На крајот од вториот месец од годинава вкупната кредитна изложеност на банките изнесува 4,5 милијарди евра. Според податоците од Народната банка, кредитирањето на населението е во пораст, но кредитирањето на корпоративниот сектор се намалува. Дел од банкарите велат дека за граѓаните – и натаму најатрактивни се потрошувачките кредити. Од банките објаснуваат дека сепак, политичката криза и неизвесноста се одразија во банкарскиот сектор.

“Во НЛБ Тутунска банка во првите два месеци има тенденција на подобрување на состојбата со наплата на кредити кај физички лица, наплатата е во ред. Податоците покажуваат дека растот на вкупните кредити кај неселението е во пораст со околку 10 отсто“ – велат од НЛБ Тутунска за “Фактор“.

Салдото на сомнителни и спорни пласмани не се зголемува, но поради политиката неизвесност, дел од банкарите велат дека изминатиот период  се регистрирани случаи во кои граѓаните доцнат со отплата на рата.

“Има сигнали за влошување во наплатата, но не в смисла дека граѓаните не ги плаќаат ратите, туку тие доцнат само со терминот во текот на месецот, значи со редовноста во плаќањето – што не ги прави нередовни плаќачи. Генерално, нема драстично зголемување на сомнителните и спорни побарувања. Во вакви условии на политичка криза сите овие ефекти и последици се очекувани“ – коментираат за “Фактор“ од Стопанска Банка – Битола.

Според Народната банка, значаен праст е регистриран кај потрошувачките кредити.

“Вкупните кредити на домаќинствата овој месец бележат месечен и годишен раст за 0,4% и 6,7%, соодветно. Воедно, месечните и годишните нагорни промени се резултат на зголемените денарски пласмани на банките и штедилниците кај домаќинствата“ – велат од НБМ.

Иако НБМ направи потези што требаше да го стимулираат кредитирањето, преку намалување на каматите за депозитите а потоа и за кредитите – овој тренд бавно се спроведува. Дел од банкарите оценуваат дека во овој момент нема услови за корекција на каматите.

“Во вакви услови на политчка неизвесност сметам дека нема услови за надолно корегирање на каматните стапки. Каматите во нашата банка веќе се прилагодени на сегашните услови. Не е само важно да се понди ниска камата за првата кодина која е само на некој начин “шминка“ за привлекување на клиенти, туку важно е и дали клиентот има и други трошоци, колку зинесува максималниот рок на отплата на кредитот на пример. Значи со каматните стапки не треба да се игра“ – вели Владимир Ефтимовски, директорот на Стопанска Банка – Битола. 

Скорешна корекција на каматните стапки не најавуваат ниту од НЛБ Тутунска банка од каде велат дека банките се со високо ниво на ликвидност – но прашање е каде да се пласираат парите. Во услови на зголемена понуда на пари а намалена побарувачка – не може да се очекува намалување на каматите, објаснуваат од оваа банкарска групација.

Народната банка кај приватниот сектор регистрираше пад на кредитната активност.

“Во февруари, кај вкупните кредити на корпоративниот сектор е забележано

месечно намалување од 1,2%, што во поголем дел се должи на влијанието на денарските кредити. Споредено на годишна основа, сe забележувакредитен пад од  5,9%, којшто во поголем дел произлегува од кредитите одобрени во странска валута. Сепак, доколку се исклучи ефектот од преносот на сомнителните и спорните побарувања од билансна во вонбилансна евиденција, согласно со одлуката на Народната банка, кредитите на корпоративниот сектор во февруари бележат годишен раст од 2,1%“ – велат од НБМ.

Во февруари, вкупната кредитна задолженоста на граѓаните изнесувала 2,1 милијарда евра додека на целиот корпоративен сектор 2,3 милијарди евра.

Д.Д.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката