Што велат обложувалниците за референдумот во Шкотска?
Објавено во: Свет 18 Септември, 2014 12:08
Денешниот референдум за независност на Шкотска од Велика Британија со огромно внимание го следат и обложувалниците - ако референдумското изјаснување успее и победат шкотските националисти, тие ќе мора да им исплатат милионски суми на обложувачите.
Обложувалницата „Ледброкс“ соопштила дека од понеделникот низ цела земја примила облози во вредност од рекордни 250.000 фунти, а и обложувалницата „Педи пауер“ објави дека вредноста на облозите и кај нив достигната шестцифрена вредност. И други обложувалници признаваат дека голем дел од облозите кои ги примиле неделава се однесуваат за настан надвор од областа на спортот за кој постои огромен интерес кај обложувачите. Освен ова коефициентите за независност на Шкотска биле повисоки. Доколку националистите победат на референдумот, обложувалниците би можеле да изгубат и до милион фунти. Во прилог на тоа говори и еден облог од 20.000 фунти кој би уплатен во „Ледброкс“ во западен Лондон и тоа токму во прилог на независноста на Шкотска. Во Шкотска 30% од обложувачите гласале за опцијата да победат националистите, што е само малку повеќе од 28% колку што за овој табор гласале во другите делови на Британија. Обложување имаше и за излезноста на референдумот - иако првичните очекувања беа дека тоа ќе изнесува 60%, сепак последните показатели говорат дека може да достигне и до 82%, што би бил апсолутен историски рекорд за излезност на Островот.Можеби ќе ве интересира
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел




