ШТРАЈК НА ЦРН ПЕТОК - работниците на Амазон бараат повисоки плати, штрајкувачки акции во 30 земји

Објавено во: Економија 25 Ноември, 2022
Вработените на локациите на Амазон ширум светот, вклучително и во САД, Германија и Франција, се чини дека ќе штрајкуваат на денешниот црн петок, еден од најпрометните денови за купување на онлајн трговците, барајќи повисоки плати.
Глобалниот повик за штрајк беше упатен од иницијативата „Make Amazon Pay“, наведувајќи ги штрајковите планирани во повеќе од 30 земји низ светот.
Овој синдикат бара компанијата да ги признае колективните договори за малопродажниот сектор и секторите за нарачки по пошта и повикува на понатамошен колективен договор за добри и здрави работни услови.
Портпаролот на Амазон во Германија не одговори веднаш на барањето на Ројтерс за коментар.
„Ова е прв пат Amazon да има меѓународен ден на штрајк. Ова е многу важно, бидејќи голема глобална корпорација како Амазон не може да биде единствената што ќе се соочи локално, регионално или национално“, рече Моника Ди Силвестре, која ги претставува работниците на Амазон во синдикатот Верди.
(Ројтерс/Танјуг)
Можеби ќе ве интересира
Од денеска аукција за зелената обврзница, ќе следуваат и проектни обврзници

„ИНФЛАЦИЈАТА ГО ДОСТИГНА ВРВОТ“: Веќе бележи надолен тренд во светот, еве какви се очекувањата за Македонија
Директорот на „Мајкрософт“ пукаше во „Гугл“: „Доминира затоа што користи нефер тактики, корисниците речиси немаат избор“

КУШТРИМ РАМАДАНИ СИ ОДИ ОД ТОПЛАНАТА СЕВЕР И ПОЧНУВА СО СВОЈ ПРИВАТЕН БИЗНИС - која е причината за оставката на директорот и што ќе работи неговата нова фирма

Суспендирана контроверзна фирма која земаше струја од МЕПСО без да му плаќа

Се издаваат станови во малите градови, кириите се ниски, ама потстанари ни за лек

НИКОГАШ ВО ИСТОРИЈАТА НЕМАЛО РАСТ НА ПЕНЗИИТЕ ЗА 24 ПРОЦЕНТИ: Тренчевска вели се грижат за пензионерите

Пензионерите добија покачување, но не 6.8 отсто туку 5.3 отсто
