Штрајк на работниците во комуналното претпријатие во Тетово
Објавено во: Економија 04 Декември, 2012 11:23
Околу 130 работници од одделот за комунална хигиена и механизација при Јавното комунално претпријатие Тетово денеска започнаа штрајк и одбија да го собираат ѓубрето низ градот.
Тие велат дека нема да работат се додека не им бидат исплатени платите и придонесите за измнинатите три месеци иако за ова време постојано биле на работа. Нивниот револт е уште поголем бидејќи освен што немаат пари немаат ниту бонови за здравствено осигурување.
- Ние сме експлоатирани така што не можеме сол да купиме, а не леб да јадеме. Ова е четврти месец некаде од септември ние не знаеме што се пари, велат работниците од комунална хигиена и механизација.
Од истите причини на штрајкот се приклучија и вработените во одделението за водовод и канализација.
Директорот на ЈКП Тетово, Ајет Мурати во телефонски разговор изјави дека во текот на денот ќе се обиде во соработка со локалната власт да изнајде решение за проблемот со неисплатените плати и придонеси.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?
Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното
ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката
ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата
РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија
ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје





