05 Декември, 2025
0.0373

Штрајкот на лекарите продолжува; Се кројат ли сценарија за раскол зад нивниот грб?

Објавено во: Економија 04 Декември, 2012 17:01

Добивај вести на Viber

Лекарите специјалис одлучија да поднесат тужба против Државниот санитарен инспекторат, чии вработени вчера, но и денеска бараат долази по клиниките низ државава за грешки во работата на лекарите и враќање пациенти поради штрајкот кој трае повеќе од 3 недели. Како причина за тужбата, од Синдикатот на Клинички Центар го наведуваат роа што Инспекторатот го негира штрајкот, односно не ги зема во предвид условите на работа во време на штрајк. „Ваква масовна инспекција во време на генерален штрајк е нелегитимна. Правните совети што ги добивме вчера укажуваат дека за ова има основа да се поднесе тужба. Ќе биде отужен Државниот санитарен инспекторат за вакво постапување, значи тие вршат инспекција така што проверуваат во насока на редовна работа, а се работи во услови на штрајк кога се работи со минимум работа и со итни случаи“,  соопшти Дејан Ставриќ, претседател на Самостојниот синдикат на Клинички центар. Ставриќ исто така соопшти дека и денеска, за време на 30-минутниот штрајк, дел од лекарите биле задржувани токму од инспекторите да излезат пред Министерството за здравство. Во меѓувреме дел од специјалистите како директорот на клиниката Антон Чибишев, јавува за голем број пациенти на клиниката за токсикологија по радикализирањето на штрајкот на лекарите, а според него, само денеска за над 200% бил зголемен нивниот број. Тој обвинува за крајно непрофесионален и неетички однос на дел од лекарите, кои според него враќале хронично болни пациенти. „Некои од клиниките максимално ја злоупотребуваат професионалноста на Клиниката за токсикологија.   Во последните 10-тина дена на Клиниката се јавуваат за преглед хронично болни пациенти кои биле закажани за преглед на други клиники пред еден до три месеци претходно. Покрај ова, враќани се и пациенти кои биле акутно влошени со тешки компликации и животно загрозени, истакна Чибишев на посебно закажана прес-конференција. ЛДП бара смена на Тодоров Либерално демократската партија пак побара од министерот Тодоров сам да си замине од оваа раководна функција. За нив е несфатлив односот на Тодоров, не само кон докторите и останатиот медицински персонал туку и кон здравството во целост. „ЛДП најмалку има за цел да ги брани докторите, затоа што тие, пред се, преку својата работа и посветеност на пациентите самите најдобро го прават тоа. Ние само застануваме во одбрана на демократските придобивки како што се: изразувањето на сопствен став и мислење, организираното изразување на незадоволство и правото на штрајк. Особено сакаме да нагласиме дека бруталниот однос на министерот за здравство Тодоров што го манифестира кон докторите, кој патем не треба да биде својствен за човек одговорен за еден од најзначајните и најчуствителните сектори –здравство,  крајно негативно се одразува врз пациентите. Гонењето на докторите од страна на министерот Тодоров преку притисоци врз пациентите да го поткажуваат и клеветат медицинскиот персонал всушност претставува гонење на пациентите“, изјави Роза Топузовска Каревска од ЛДП.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје