Добивај вести на Viber
Тетовските комунални работници денеска излегоа на штрајк, а ѓубрето нема да го собираат се додека не им бидат исплатени трите заостанати плати како и придонесите за нив.
Штрајкуваат вкупно 130 работници од одделот за Комунална Хигиена и механизација во Јавното комунално претпријатие –Тетово, а на штрајкот им се приклучија и вработените во одделението за Водовод и канализација, кои исто така плата немаат земено од септември.
Работниците од комунална хигиена утрово се појавија на работа, но излегоа на терен. Контејнерите во Тетово веќе се преполни, се жалат граѓаните.
Ова годинава е втор штрајк на вработените во тетовското Јавното комунално претпријатие. Првиот беше во август кога Тетово се соочи со сериозна еколошка криза.