19 Декември, 2025
0.1097

Шукова: Градот е уништен, а Ѓорѓиевски го брани криминалното дивоградителство во Чаир

Објавено во: Македонија 24 Август, 2025 12:41

Добивај вести на Viber

Четири години разочарувања, секоја улицa секое маало сведочи за неуспехот на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје. Граѓаните точно знаат од кого беше доведено Скопје до оваа состојба и кој е виновникот за катастрофата со која се соочува градот, вели кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ, Каја Шукова.

„Последниве четири години со ВМРО-ДПМНЕ на власт во Скопје видовме што значи хаос, неодговорност и целосно игнорирање на интересите на граѓаните. Видовме што значи партијата и партиските интереси да се стават пред здравјето на луѓето, видовме што значи заради политички инает да се уништи градот, претпријатијата и со тоа животот на граѓаните. Видовме како развојот на градот се кочи поради бизнис-договори и како Скопје се уништува заради партиски профит“, рече Шукова.

Таа обвини дека градот никогаш не бил подалеку од своите граѓани.
„Никогаш нашиот град не бил толку далеку од своите граѓани. Ова се случува секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ владее со градот. Тие го претвораат градот во свој партиски вилает за да ги спроведуваат партиските агенди. Го претворија Скопје во заложник на нивните расправии и интереси сега, а во следните четири години ќе го претворат во поле за лични и партиски профити. Наместо да управуваат одговорно, го жртвуваа Скопје за да се пресметуваат со градоначалничката што прво ја поддржаа, а потоа ја отфрлија. Денес секој булевар, секоја улица, секое маало сведочи за нивниот неуспех. И тоа ние, Скопјани, нема да го дозволиме повторно“, вели Шукова.
Смета дека е уништен целиот урбан дух, а тоа е резултат на ВМРО-ДПМНЕ.

„Сите знаеме низ што помина градот: јавен превоз целосно уништен, ѓубре насекаде и без систем за чистење, преполни контејнери. Културно пропаѓање без дно и уништување на целиот урбан дух на градот е резултат само на ВМРО-ДПМНЕ – на никој друг. Скопјани очекуваат решенија. Очекуваат искреност и политики што носат резултати. Очекуваат чист, уреден, културен град. Очекуваат градоначалник со визија и план, без лажни ветувања и хартиени мегапроекти. А што нудат тие? Додека Скопје се дави во урбанистички хаос, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, отворено го брани криминалното дивоградителство во Чаир. Наместо одговорност и решение, гледаме позирање со коалициските партнери од ВЛЕН – истите што го создадоа овој урбанистички хаос. Иста е сликата и во Кисела Вода под водство на Ѓорѓиевски: сомнителни тендери, исчезнато зеленило, планови креирани за бизнис-елити, а не за граѓани“, додаде Шукова.
Кандидатката на СДСМ посочи дека Скопје мора да добие вистинска промена.

„Скопје не може да поднесе уште еден градоначалник кој ќе работи за профитот на владејачката елита. Тој модел мора да биде поразен на изборите. Нашиот град е за живеење, а не партиска каса за богатење. Затоа, по 19 октомври, Скопје мора да добие вистинска промена. Промена што значи грижа за сите граѓани, а не за партиите. Скопје мора да добие градоначалник кој нема да дели, туку ќе обединува, кој нема да фаворизира елити, туку ќе работи исклучиво за својот град“, рече Шукова.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот