19 Декември, 2025
0.0481

ШУКОВА ПО СТАПКИТЕ НА ШИЛЕГОВ: Најавува целосно спроведување на БРТ ако стане градоначалничка

Објавено во: Македонија 30 Јули, 2025 12:26

Добивај вести на Viber

Кандидатката за градоначалничка на Скопје од редовите на СДСМ, Каја Шукова, заедно со потпретставници на партијата, синоќа оствари средба со граѓани на општина Карпош, каде разговараа за предизвиците со кои се соочува Скопје, се наведува во соопштението од СДСМ.

Шукова упати остра критика до актуелната локална и централна власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, за, како што рече, четиригодишна блокада и неспособност да понуди функционален концепт за јавен транспорт.

– Додека скопјани мака мачеа со хаосот во јавниот превоз, цели четири години ВМРО-ДПМНЕ го блокираше проектот за БРТ. Иако немаа и се уште немаат никаков концепт. 

Четири години не понудија ништо, скопјани ги оставија сами, да чекаат предолго и да не знаат дали воопшто ќе има автобус, да се варат по горештините или да мрзнат кога е ладно. Денес ретерираат и велат дека ќе го „разгледале“, па што чекаа 4 години?, рече Шукова.

Таа нагласи дека како иден градоначалник целосно ќе го спроведе проектот за БРТ кој е вистинско решение за јавниот превоз во Скопје.

– Тоа е решение коешто има изработен проект со обезбедени финансиски средства, што значи дека им нудиме проект на граѓаните со којшто нема да губиме време, туку веднаш ќе можеме да прејдеме во акција. Време е концечно да се реши хаосот со превозот во Скопје, рече Шукова.

Таа додаде дека проектот предвидува две главни трансферзали кои ќе заменат голем дел од постојните автобуски линии, додека остатокот ќе се надополни со еколошки автобуси.

– Овој концепт не е евтин, но е долгорочно одржлив. Ќе обезбедиме систем којшто е сигурен, модерен и еколошки – достоен за главен град, потенцираше Шукова.

Граѓаните на Карпош, како и жителите на цело Скопје, заслужуваат јавен превоз кој функционира, кој не доцни и кој не загадува, порача Шукова, најавувајќи дека токму тоа ќе биде еден од првите приоритети во нејзиниот мандат.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот