Швајцарија е најскапа, а Македонија е меѓу најевтините земји за живот
Објавено во: Економија 22 Септември, 2021
Животот во Европа е најскап во Швајцарија, а најевтин во Турција.
Истражувањето на Дестатис покажа дека трошоците за живот во јули 2021 година биле највисоки во Швајцарија. Скапи за живот се и Германија, Данска, Луксембург, Холандија, Белгија и Австрија. Но, животот во Полска е 46 проценти поевтин отколку во Германија и 28 проценти во Чешка.
Македонија, заедно со земјите од регионот – Србија, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, е во групата на земји со ниски трошоци за живот.
Во Бугарија, Романија и Босна и Херцеговина, трошоците за живот се околу 50 проценти пониски отколку во Германија, во Литванија и Хрватска 36 проценти, во Шпанија 13 проценти, а во Италија девет проценти.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.