18 Декември, 2025
0.0387

Швајцарија – една необична земја!

Објавено во: Свет 22 Септември, 2014 22:38

Добивај вести на Viber

Швајцарија не е голема земја, но е преполна со фасцинантни податоци и факти за луѓето кои живеат во неа. Бизнис Инсајдер објави некои од нив: 1. Ако среде ноќ започне да паѓа многу снег, ќе ги затрупа улиците толку многу што никако нема да можете да поминете низ нив. Но, можете да се обложите дека сите улици ќе бидат исчистени до 8 часот наутро. 2. Во случај на нуклеарна војна, Швајцарија има капацитет на бункери за сите 100% од жителите на оваа држава. 3. Во случај на војна, автопатите можат да се претворат во писти за слетување и полетување, така што ќе се отстранат оградите кои ги делат лентите во спротивна насока. 4. Швајцарија е толку мала, што нејзините воени пилоти до неодамна не можеа да го пробијат звучниот ѕид, а да не навлезат во туѓ воздушен простор. Но, неодамна се договориле со Французите и за тие потреби сега можат да го користат францускиот воздушен простор. 5. Во Лозана, за да ја оптимизираат таксата за ѓубре, ги стандардизираа кантите за отпадоци и ја вклучија оваа такса во таа цена. Така, ако фрлате повеќе ѓубре, плаќате повеќе. А ако не ја корстите својата канта за да го рлате ѓубрето, ќе платите казна. 6. И покрај географската големина, Швајцарија има четири официјални јазици: германски, француски, италијански и реторомански. За да се разберат едни со други - зборуваат англиски. 7. Швајцарските производители на чоколадо развиле техники за да произведат чоколадо со злато - злато кое се јаде! Луксуз на квадрат! 8. Кога Швајцарците би сакале да ја затворат својата држава, тоа би можеле да го направат само со неколку војници, бидејќи тунелите и автопатите имаат челични цевки кои можат да се подигнат со притискање на едно копче. 9. Автомобилите на Швајцарците мора и да изгледаат како нови. Полицијата може да казни возач кој вози автомобил со оштетување, па макр да се работи само за обична гребаница. 10. Многу компании вработуваат луѓе на работи кои можат да бидат целосно автоматизирани со машини, бидејќи како општество Швајцарците одлучија да и стават крај на невработеноста, така што секој ќе може да заработи за живот. Работодавачот кој ќе вработи човек наместо да купи машина за истата работа, добива државни бенефиции. 11. Со еден билет можете да се возите во сите возила на јавниот превоз во цела држава. 12. Швајцарците на невработените им исплаќаат месечен надомест во текот на две години од прекинот на вработувањето, а во оваа „плата“ е вклучен и платен годишен одмор, патни трошоци за одмор и сместување.  

Можеби ќе ве интересира

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел