22 Ноември, 2024
0.0276

Швајцарски органски семиња достапни за македонските органски производители

Објавено во: Мои пари 06 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Од март оваа година, органски семиња од реномираниот швајцарски производител на семенски материјал „Сатива Реинау“ ќе бидат достапни на пазарот во Македонија. Со тоа, за прв пат, производителите на органски земјоделски производи од Македонија ќе имаат можност да набават сертифициран органски семенски материјал од овластен дистрибутер кој е основен предуслов за квалитетно производство и висок принос.

Со договорот кој го потпишаа сопствениците на швајцарскиот производител „Сатива Реинау“ Амадеус Шунке и Драган Гечески, сопственик на компанијата „Евгени“ увозник и  дистрибутер на семенски материјали „Евгени“,на пазарот во Македонија ќе бидат достапни повеќе од 100 сорти на семиња на градинарски, лековити, зачински и житни култури и цвеќиња со што ќе се надмине досегашниот проблем на недостиг на квалитетен семенски материјал за органски производство.

Според Амадеус Шунке, во Македонија постојат одлични услови за производство на органски производи, но исто така и за производство на квалитетен семенски материјал. „Минатата година направивме пробно производство на органски грав од сортите ред кидни и борлоти за швајцарскиот пазар, за да видиме дали овие сорти се погодни за производство во Македонија. По одличните резултати и приноси минатата година, одлучивме оваа година да воведеме нови производи и нови култури и да вклучиме повеќе земјоделци, но и да видиме која е можноста за локално производство на семенски материјал. Сметам дека во Македонија постојат одлични услови за производство на семињата кои се дел од портфолиото на нашата компанија. Веќе остварив контакти и пред-договори со неколку производители од Македонија за пробно производство на семиња за пченка и неколку сорти грав атрактивни за странските пазари и се надевам дека првите семиња ќе ги имаме до крајот на оваа година“, изјави Амадеус Шунке.

Со развој на органското производство во Македонија и зголемениот потенцијал за извоз на органски производи, се зголеми и потребата за квалитетен семенски материјал.„Досега органските семиња беа недостапни на македонскиот пазар. Органските производители се снабдуваа со нетретирани семиња или набавуваа семиња по сопствени канали. Со овој договор го надминуваме тој проблем и на домашниот пазар ќе понудиме разновиден семенски материјал со врвни карактеристики. За почеток ќе понудиме две програми – професионална наменета за органски производители во поголеми количини и хоби програма наменета за производство во домашни услови“, вели Драган Гечески од компанијата Евгени.


Посетата на сопственикот на Сатива Реинау беше организирана во рамките на активностите за унапредување на пазарот на органско производство во Македонија на швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ). Во следниот период, во рамките на оваа соработка, а со поддршка на ИМЕ програмата, ќе се разгледаат и можностите за заштита и комерцијализација на одредени автохтони семенски сорти од Македонија.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Азески во посета на металуршките компании во комплексот Железара

Азески во посета на металуршките компании во комплексот Железара

Софистицираниот стил на ASPESI ексклузивно во 52 Concept Store, Рамстор мол

Софистицираниот стил на ASPESI ексклузивно во 52 Concept Store, Рамстор мол

НАПРАВИ ГО ВИСТИНСКИОТ ИЗБОР-ТРИБИНА ЗА ЕДУКАЦИЈА ОД ЗАВИСНОСТИ

НАПРАВИ ГО ВИСТИНСКИОТ ИЗБОР-ТРИБИНА ЗА ЕДУКАЦИЈА ОД ЗАВИСНОСТИ

АДИНГ ЗАСАДУВА ЗА ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ

АДИНГ ЗАСАДУВА ЗА ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ

Блага Панева: Со книгата „Колоквијалниот изговор во Скопје“ давам придонес во битката за македонскиот јазик

Блага Панева: Со книгата „Колоквијалниот изговор во Скопје“ давам придонес во битката за македонскиот јазик

НЛБ Банка oдбележува две години патронство и поддршка за пациентите со цистична фиброза

НЛБ Банка oдбележува две години патронство и поддршка за пациентите со цистична фиброза

Ралица Губерова, Претседател на Групација на осигурување при Стопанската комора: Осигурувањето е силна поддршка на секој бизнис

Ралица Губерова, Претседател на Групација на осигурување при Стопанската комора: Осигурувањето е силна поддршка на секој бизнис

Трета T Business конференција на Македонски Телеком

Трета T Business конференција на Македонски Телеком

ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ триумфира со наградата за најдобра Cloud трансформација на самитот FUTURE OF AI & CLOUD 2024

ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ триумфира со наградата за најдобра Cloud трансформација на самитот FUTURE OF AI & CLOUD 2024