Добивај вести на Viber
Од швајцарските акции европските берзански индекси беа поддржани во тргувањето денеска, чија вредност на берзата во Цирих скокна првиот работен ден од новата година, а најголеми добитници беа производителите на луксузни производи.
Така лондонскиот индекс FTSE се зголеми за 0,13 отсто, на 6.035 поени, франкфуртскиот DAX , пак, ослаби за 0,22 проценти, на 7.762 поени, додека парискиот индекс CAC беше во минус од 0,48 отсто, на 3.715 индексни поени.
Олеснувањето на пазарите го донесе договорот за американскиот буџет со кој е избегната фискалната криза, односно автоматското зголемување на даноците и намалувањето на расходите кои може да ја бутнат во рецесија најголемата светска економија.
Севкупно упатува на тоа дека во идните два месеца во САД може да следат нови потенцијално штетни судири на концептите околу намалувањето на потрошувачката и зголемувањето на лимитот за задолжувањето.
-Изминатите месеци повеќепати бевме сведоци на таквите скокови на берзанските индекси, кога политичките функционери ќе се оддалечеа од амбисот, но што навистина се промени? Само ги одложија тешките одлуки.", вели за Reuters Мајкл Хевсон, виш аналитичар во „CMC Markets".
Меѓу добитниците во тргувањето во четвртокот се издвојуваа производителите на луксузните производи, во прв ред „Richemont" кој доби на вредноста 5,2 отсто, како и произведувачот на часовници „Swatch" кој оствари позитива од 4.8 отсто, благодарејќи на оптимистичките податоци за индустриското производство во Кина, голем пазар за таквите производи.
Оптимистичките податоци од Кина и договорот за буџетот во САД им дадоа поддршка и на акциите во рударскиот сектор
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.