Шведска – Кои работници и се потребни и како да аплицирате
Објавено во: Мои пари 28 Април, 2015 19:55
Aмбасадата на Шведска неодамна објави листа од барани професии за кои постои потреба во таа земја.
Професиите за кои има голема побарувачка во Шведска се наведени на листата која редовно се дополнува. На таа листа се различни професии од градежништвото. Покрај тоа што се потребни инжиниери, Шведска е во потрага по геометри, молери, оператори со кранови.
Ова значи дека доколку вашиот работодавач ве повика на разговор во една од долу наведените професии, за работна дозвола може да аплицирате од Шведска наместо да се вратите во татковината и да поднесете барање од таму.
На листата на Заводот за миграција на Шведска се наоѓаат, меѓу другите, професии како беби-ситерки, електроинженери, готвачи, лимари, медицински сестри,, пекари, слаткари, водоинсталатери и стоматолози.Меѓу бараните професии има аптекари, геометри, градежни инженери и техничари, инструктори за возење, комерцијалисти, лекари, механичари за камиони, наставници за основни училишта, педагози за лица со посебни потреби, психолози, работници за градба на железница и патишта, рудари…
Во Шведска се бараат и професии како педагози за слободни активности, советници за професионално и студиско насочување и забни хигиеничари.
Повеќе информации за бараните професии може да се најдат на интернет страната на Заводот за миграции, “Migrationsverket”.
Ве мачи прашањето како да аплицирате?
Прочитајте се што ви треба на овие два линка:
http://www.migrationsverket.se/English/Private-individuals/Visiting-Sweden.html http://www.swedenabroad.com/en-GB/Embassies/Washington/Visit-Sweden/Visa-Information/Online-Visa-Application/Според податоците на консултантската фирма “Ernst&Young”, просечната бруто плата во Шведска е 32.769 евра годишно, односно 2.730 евра месечно.
(Забрането е преземање на оваа содржина без претходни консултации со Фактор.мк)
Можеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка




