19 Декември, 2025
0.1551

„СИ БЕШЕ ЕДНАШ ВО СРБИЈА“ – од денеска во скопските кина

Објавено во: Македонија 05 Мај, 2022 14:16

Добивај вести на Viber

По премиерата на 2. мај, на редовниот репертоар на скопските кина од денеска почнува прикажувањето на филмот „Си беше еднаш во Србија“.

Новиот српски филм на епохата – мелодрамата „СИ БЕШЕ ЕДНАШ ВО СРБИЈА“ на режисерот Петар Ристовски и авторот и продуцентот Звонимир Шимунец, во продукција на Ле Филм е романсирана приказна за еден град на југот на Србија кој од турска чаршија израснува во европско гратче и го добива епитетот „српски Манчестер“. Лесковачката драма во три чина „со среќен крај“ претставува омаж на прочуените лесковачки семејства и нивниот ненадминат претриемачки дух.

Во центарот на приказната е девојка пред своето време, маркантната Зорка (Теодора Ристовски) која што Првата светска војна ја одвојува од вереникот Цоне (Виктор Савиќ), на кој му се губи секоја трага во виорот на војната. 

Таа по наговор на своите родители пристанува да се вери за друг, воениот лиферант Аќим Прокиќ (Радован Вујовиќ). Воените страдања, ранувањето и амнезијата Цуне го водат на другиот крај на светот – во Манчестер во кој тогаш цути индустријализацијата. По пет години немање никакви вести за него чаршијата го прогласила за мртов и го сохранила. Меѓутоа, тој во далечниот свет научил дека само низ црниот фабрички чад и тешка работа се стигнува до успех.

Опиен со победата во војната и неповратно инфициран со „духот на слободата и напредокот“ Цоне се враќа во својот запуштен Лековац, со желба да го поврати угледот, но и својата стара љубов.

Како Зорка ќе се справи со предрасудите на примитивната средина?

На кого на крајот ќе му го подари своето срце?

Кој од двајцата момци ќе биде поподготвен во деловните и животните битки погледнете во оваа мелодрама со елементи на комедија, која премиерно се прикажува од 02. мај во киното  Cineplex во Скопје од 20 часот.

Во филмот „СИ БЕШЕ ЕДНАШ ВО СРБИЈА“ играат и: Слобода Миќаловиќ,Виктор Савиќ, Немања Оливериќ, Радован Вујовиќ, Теодора Ристовски,  Миодраг Мики Манојловиќ, Зоран Цвијановиќ и други.

ПР-објава

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината