СИ ПОМИСЛИВ ДА НЕ ГО ГАЗЕЛА ЗНАМЕТО, ДА ПЛУКАЛА ПО НЕГО, ГО ПАЛЕЛА - Драган Антоновски згрозен од ФБ омразата што се шири за претставничката на Евровизија
Објавено во: Македонија 09 Мај, 2022 15:35
Драган Антоновски, новинар и директор на Македонската информативна агенција, на фејсбук излезе со свој личен став за силните реакции кои се пласираат на социјалната мрежа откако нашата претставничка за Евровизија го фрли знамето на државата, со цел да се фотографира, за што таа после и ѝ се извини на нацијата.
„Што лудило е ова еј? Само да се чека некој да згреши и сите да му се згнат да го черечат. Ова фејсбук каналов стана како место за канализација. Девојчето нит го знам ниту познавам, песната мене во старт ми прави ќејф. И кога ја видов омразата и сите гадости.. тоа блуење од дневните дежурни „критичари“, поитав да го најдам видеото и да видам што е. Си помисив толку омраза по ФБ, мора да го газела знамето, да плукала по него, да го палела... !? Испадна една несмасност, за девојка која очигледно не се бави со тој политички „ПАТРИОТСКИ пакет“, и ете згрешила, го дофрлила до некој таму за да се фотографира. Грдо изгледа ама дефинитивно не е за бесење, аман. Се гледа дека нема намера за бербатење, негирање, понижување! Мене така ми личи. Толкаво врескање по девојчето, а слепило кога ќе се свртиш и видиш колку наши парталави знамиња висат по институции или ги нема таму каде што треба или ги има како што не треба ...? За ова МОЛК! Остајте го девојчето да си пее, таа тоа најдобро го знае, а тоа што цела таа млада генерација веќе нема никаков однос и кон знамиња, и татковина и припадност .... е тоа е една друга тема за која вреди да се дебатира, ама не на ФБ, и не да се блуе омраза или само да се констатира!“, пишува Антоновски на својот фејсбук профил.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




