18 Декември, 2025
0.0586

„СИ ЗАМИНУВААТ ПОРАДИ НЕВРЕДНУВАЊЕ НА ТРУДОТ“: Синдикалната организација на обвинителството бара да се донесе Законот за поголеми плати

Објавено во: Македонија 27 Септември, 2025 12:06

Добивај вести на Viber

Синдикалната организација на јавни обвинителства при Синдикатот на УПОЗ ја известува јавноста и надлежните институции дека јавнообвинителската служба се наоѓа на работ на целосен колапс, поради континуираното заминување на кадар. Главната причина за оваа состојба е постојаното потценување и невреднување на трудот на јавнообвинителските службеници. Единствена светла точка и излез од оваа состојба на безислезност ја гледавме во донесување на Законот за јавнообвинителската служба“, реагираат од Синдикалната организација.

„Сметавме дека потегот на Министерството за правда да ги вклучи јавнообвинителските службеници во процесот на подготовка на закон што е lex specialis токму поради специфичноста на оваа служба и ги уредува нивните права и обврски ќе вроди со плод и дека конечно ќе се слушне гласот на јавнообвинителските службеници. Во групата учествуваа претставници од сите категории на службеници и беше подготвен закон што ги адресираше сите реални проблеми и потреби со кои се соочуваме – услови за работа, обврски, надлежности, дежурства, надоместоци, дневници и најважно, соодветно вреднување преку системот на плати и коефициенти“, стои во нивното соопштение.

Од таму велат дека овој предлог на закон подготвен од претставници од базата на јавните обвинителства ги отстранува недостатоците од претходниот закон и обезбедува стабилност на службата, која денес е сведена на само една четвртина од потребниот број вработени. 

„Но, со објавување на законот на ЕНЕР нашите надежи пропаднаа бидејќи се појави верзија на Законот за јавнообвинителска служба која во клучните делови не кореспондира со нашите предлози и повторно ги остава службениците без решенија за суштинските проблеми. Во овој контекст ќе потсетиме дека во 2023 година, поради истите нерешени прашања, бевме принудени да организираме штрајк што траеше три месеци. За жал, тогаш немаше слух за нашите барања. Затоа денес, кога повторно се најавува носење на новиот Закон и кога секоја синдикална организација наоѓа „пат“ до извршната власт, јасно и гласно кажуваме дека ние како Синдикална организација на јавните обвинителства:
- Мора да бидеме дел од преговорите – како единствени претставници на јавнообвинителската служба.
- Остануваме на нашиот Предлог-закон, подготвен од работната група во соработка со Министерството за правда.
- Платите на јавнообвинителската служба мора да се зголемат и воедно да се уредат сите елементи на работниот однос – дежурства, надоместоци, дневници и вонредна работа, кои иако беа утврдени и во одредбите на стариот закон и ни следуваат, не се исплаќаат“, посочуваат од Синдикалната организација.

Посочуваат и дека јавноста треба да има предвид дека нивната работа е специфична и бара висок степен на одговорност, доверливост, чесност и професионалност. 

„Но кога овој труд не е соодветно вреднуван, службата станува неатрактивна, а платите и додатоците се под државниот просек – ниту еден службеник не зема плата во висина на просечната плата во државата. Затоа, силно апелираме Законот за јавнообвинителска служба да се донесе веднаш по локалните избори во форма во која беше подготвен првично и итно да започне со подготовка и имплементација на сите подзаконски акти, како и отстранување на бариерите за кадровско екипирање. Ние остануваме отворени за соработка со сите надлежни институции – единствено во интерес на граѓаните и на квалитетна, навремена и ефикасна услуга од јавнообвинителската служба“, соопштија од Синдикалната организација.

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија