24 Ноември, 2024
0.0233

Сигурна Комбинација

Објавено во: Анализа 05 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Вчера се одржа првата дебата помеѓу кандидадите за претседател на САД, и во овој  текст ќе посветиме малку време на изборите во најмоќната земја на планетава. Во 2008 година Барак Обама стана 44-от претседател на САД. Дојде во време кога светот беше на работ на депресија, а САД беа во една од најтешките рецесии воопшто. Гледано по параметри сега ситуацијата е многу подобра, но претседателот има навистина голема опозиција која нема да му го олесни реизборот. Но, освен редовните активности кои секојдневно ги има, дали треба да обрне внимание на една друга по се изгледа доста значајна работа ? Доколку направиме една анализа на движењето на акциите во изминативе декади ќе дојдеме до заклучок дека постои врска помеѓу движењето на индексот S&P 500 и победникот на изборите. Се претпоставува дека доколку последните три месеци пред изборите индексот паѓа, треба да настапи промена и обратно доколку расте истата партија останува на власт. Во табелата што следува е прикажано движењето на индексот во последните три месеци пред изборите и победникот на истите :
изборна година движење на S&P 500 партија на победничка резултат
  август - октомври во % власт партија  
1928 11,6 републиканци републиканци погодок
1932 14,1 републиканци демократи промашување
1936 8,6 демократи демократи погодок
1940 7,7 демократи демократи погодок
1944 0,6 демократи демократи погодок
1948 4,4 демократи демократи погодок
1952 -3,5 демократи републиканци погодок
1956 -7,7 републиканци републиканци промашување
1960 -3,8 републиканци демократи погодок
1964 2 демократи демократи погодок
1968 5,8 демократи републиканци промашување
1972 3,9 републиканци републиканци погодок
1976 -0,5 републиканци демократи погодок
1980 4,8 демократи републиканци промашување
1984 10,2 републиканци републиканци погодок
1988 2,6 републиканци републиканци погодок
1992 -1,3 републиканци демократи погодок
1996 10,2 демократи демократи погодок
2000 -0,1 демократи републиканци погодок
2004 2,6 републиканци републиканци погодок
2008  -23 републиканци   демократи      -
Успешност       Над  80%
Пазарот направи неколку грешки во минатото. Првата се случи во времето на големата депресија т.е на изборите во 1932 година, па и покрај опоравувањето и силниот пораст на индексот, на гласачите им беше потребна промена и Франклин Рузвелт дојде на местото на Херберт Хувер. Гласачите го казнија претседателот кој ги водеше во времето на големата криза. Промашување имаше и во 1980 година кога пазарот предвиде останување на Џими Картер. Сепак харизматичниот Роналд Реган и неговите најави за економски реформи ги добија гласачите.Како што може да се види можно е да постои поврзаност помеѓу расположението на гласачите и резултатите од претседателските избори. Процентот на успешност на оваа анализа е цели 80%. Исто така може да забележиме дека има успешност од 79% кога се предвидува останување на партијата на власт и уште поголем процент од 83% кога се предвидува промена на кабинетот што ја води државата. Единствен пат кога пазарот промаши дека ќе дојде до промена во кабинетот е во 1956 година. И покрај силниот пад на индексот од 7,7 %  се чини дека Двајт Ајзенхауер едноставно им беше симпатичен на гласачите и тие повторно го избраа. Во анализираниот период Демократите беа 32 години на власт и притоа индексот растеше со преку 10 % просечно годишно. Републиканците поминаа 35 години во Белата куќа и во тој период индексот растеше со 7,6 % годишно. Интересно со оглед на тоа дека Републиканците треба да се пропазарно оринетирани. Друга интересна карактеристика за движењето на Американската економија е тоа што изминативе шеесетина години функционира во интересни четиригодишни шаблони. Ова значи дека последната година од претседателкиот мандат се трошат повеќе пари, се води поекспанзивна политика и истите трошења се одразуваат во новиот мандат. На ваков начин ретко кога доаѓа до рецесија на крајот на мандатот на актуелниот претседател. Тоа единствено им се случило на двајца Републиканци – Ајзенхауер и Никсон (двајцата претседатели кои по горната анализа не требаше да дојдат на претседателските функции). Иако во периодот кога беа изборите не беше објавено официјално Буш им се приклучи на горните двајца републиканци и го потврди трендот дека републиканците се помарелозни претседатели. Трите месеци се пред нас, а анализата од 1984 година не го промаши исходот. Возбудливи месеци кои можеби ќе го прогнозираат победникот. Сега за сега Обама според оваа статистика е во предност и СП треба да се задржи над 1370 поени и тој да биде реизбран. Овој текст веројатно треба да има повеќе забавна природа отколку што е реална основа за анализа, но сепак процентот од 80% можеби ќе биде причина да ја посетите локалната кладилница (доколку кај нас постојат вакви опции за играње). Милан Димитриоски

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.