16 Декември, 2025
0.0774

СИЛЕН ПОТТИК ЗА ЕКОНОМИЈАТА: Каде во Европа никнува најголемото казино?

Објавено во: Свет 10 Јануари, 2018 09:47

Добивај вести на Viber

Туристички комплекс со коцкарница кој е претставен како најголем од тој вид во Европа ќе биде отворен до 2021 година на Кипар и се очекува значајно да влијае на економијата на тој медитерански остров, соопштуваат денеска претставници, пренесоа светските агенции.

Компаниите Melco International од Макао и кипарскиот Cyprus Phassouri во Никозија го претставиле проектот на првото казино во Кипар.

Комплексот вреден 600 милиони евра ќе биде изграден во Лимасол на југот на Кипар и ќе биде најголем од тој вид на казино. Планирано е во комплексот да има хотел со 500 соби, 11 ресторани, 136 коцкарски столови, 1200 машини и други уреди за коцкање на површина од 6 000 квадратни метри.

Проектот би требало значајно да влијае на БДП на земјата, изјавил претседателот на Кипар Никос Анастасијадес и додал дека втората година од отворањето на казиното се очекува приход од околу 700 милиони евра или четири отсто од БДП.

Претседателот на компанијата Мелко Лоренс Хо изјавил дека казиното ќе се вика „Градот на Медитеранските соништа“ (City od Dreams Mediterranean).

Кипарските власти очекуваат до 300 000 туристи повеќе на годишно ниво, додека моментално тој остров секоја година го посетуваат околу три милиони луѓе.

Коцкарниците одамна цветаат во северниот, турски дел на Кипар. Кипар во 1974 година после турска окупација на северниот дел од островот, е поделен на Турска Република Северен Кипар, која ја признава само Анкара, и Кипарска Република која е меѓународно призната и членка на ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“