СИЛЕН ВЕТАР И НАНОСИ: Не патувајте преку Велес - Штип и Кочани, Лозово,Сарамзалино и Крупиште
Објавено во: Македонија 06 Јануари, 2017 22:10
Последните информации од АМСМ велат дека силен ветар и наноси од снег има кај делницата Велес - Штип и Кочани, кај Лозово, Сарамзалино и Крупиште.
Доколку немате исклучителна потреба не патувајте преку овие патни правци.
Ветерот го носи снегот на коловоз и целосно ја намалува видливоста. Македонијапат се на терен и работат со градежна механизација за расчистување од снегот.
Во 21:00 ч. поради снежни наноси воведена е забрана за сообраќај на магистралниот пат Штип – Радовиш кај м.в.Калимерово.
Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинските премини Стража, Маврово, Ѓавато и Плетвар, како и на патните правци Штип – Велес и Крива Паланка – г.п. Деве Баир.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




