Силен земјотрес го погоди Токио
Објавено во: Свет 25 Мај, 2015 09:57
Силен земјотрес од 5,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди Јапонија во реонот на главниот град Токио. Властите соопштиле првично предупредување за цунами, но по неколку минути го повлекоа предупредувањето.
Епицентарот на потресот бил во провинцијата Сајтама, северно од главниот град, со длабочина од 50 километри под земјината површина.
Според првичните податоци, метрото е во целосен прекин, но некои од линиите на возовите исто така имаат прекин на своите релации.
Во првичните информации нема сознанија за жртви или материјална штета.
Истовремено Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) го даде своето мислење дека јапонските власти и компанијата „ТЕПКО“ пројавиле неодговорност, делумна причина за хаваријата во нуклеарната централа „Фукушима-1“, во големиот земјотрес и цунами во 2011 година, пренесоа агенциите.
„АЕЦ има голем број слабости, кои не биле спроведени на потребниот начин, иако МААЕ го препорачува тоа“, се наведува во извештајот на организацијата.
Можеби ќе ве интересира
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел




