Силјан Мицевски: По барање на одредени луѓе од ВМРО-ДПМНЕ сме дале 70 илјади евра за клубот МЗТ
Објавено во: Македонија 09 Септември, 2020 14:02
Предметот „Талир”, рекордер по одложени рочишта, поради кој е замрзнат целиот имот на партијата ВМРО-ДПМНЕ поради незаконско финансирање и перење пари во износ од 5 милиони евра, продолжи денеска во Основниот кривичен суд Скопје со сведочење на бизнисменот Силјан Мицевски од Битола, јавува порталот СДК.мк.
Тој на прашања од обвинителката Ленче Ристоска опиша како бил рекетиран од првите луѓе на тогашната владејачка партија ВМРО-ДПМНЕ, откако ќе добиел тендер.
Силјан Мицевски сведочеше на предлог на обвинителката Ленче Ристоска. Тој добил тендер од партијата ВМРО-ДПМНЕ. На прашање на Ристоска дали од повисоките ешалони од власта кои се јавувале како инвеститори во добиените тендери влијаеле и барале од него да земе подизведувачи, Мицевски одговори потврдно, дека тие сугестии биле за помали компании кои барале работа во владата.
„По наредба на премиерот или генералниот секретар на Владата се случувало да ми кажат: ‘Земете го тој и тој подизведувач’. Кирил Божиновски ми дал таква сугестија. Ми кажал на пример да го вклучам ‘Трансмет’ за ископ во Битола”, одговараше под заклетва Мицевски.
На прашање дали некогаш донирал во ВМРО-ДПМНЕ, тој одговори:
„Да, лично сум однел 10.000 евра кај премиерот Никола Груевски. Одамна беше тоа. За ВМРО-ДПМНЕ и индиректно сме донирале, за избори. Сме дале и на кошаркарскиот клуб МЗТ околу 70.000 евра. Требаше да платат некоја котизација за да не ги избришат од лигата и јас платив. Плативме не по наша иницијатива, туку по барање на одредени луѓе од партијата”.
„Од кои лица конкретно доаѓаа овие барања?”, праша Ристоска.
„Еднаш Влатко Чинговски, кој беше директор на ЕЛЕМ, ми има дадено писмо и фактури за плаќање, другпат Кирил Божиновски, имало и други што доаѓале, седеа кај секретарката, не ги познаам сите. Барањата за спонзорства, плаќања се случуваа во просториите на Владата, во РЕК кај генералниот директор и на други места”, сведочеше Силјан Мицевски.
Можеби ќе ве интересира
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска
Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија




