19 Декември, 2025
0.1256

Силјановска Давкова бараше одговор од Заев по кои членови и закони е разрешен Пауновски

Објавено во: Македонија 28 Април, 2021 18:50

Добивај вести на Viber

На седницата за пратенички прашања денеска во Собранието се дискутираше и за разрешувањето на директорот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), Стојко Пауновски. 

Тој беше разрешен вчера на седница на Владата.  Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова го праша премиерот Зоран Заев врз основа на кои членови и по кои закони е разрешен Пауновски. 


„Администрацијата е костур на државата. Значи не ме шокира тоа што ве подржаа двајцата министри, Николовски и Груби, туку ме шокира консензусот со кој што ја донесовте одлуката, која е директно спротивна на принципот на владеењето на правото, а кој што е основен Копенхагенските критериум. Точно е дека директорот на Државниот пазарен инспекторат е именуван од Владата, кое е исто така лошо решение бидејќи тоа треба да биде преку конкурс, ама ете така е. Меѓутоа апсолутно тој не е подреден на премиерот ниту на министрите. Не постои никаква хиерархија помеѓу државна и јавна администрација. Тој стои на чело на една институција која функционира само врз начелата на стручност и компетентност“, рече Силјановска-Давкова.

Вели дека ја шокирало тоа што 90 проценти од вработените застанале зад него, но не и министрите. 

Заев вели дека нему не му пречел пркосот на директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски што Владата вчера го разреши, туку, како што рече, му пречи неговото инаетење и одбивањето да спроведе закон кој се однесува на распределбата на административните работници примени во согласност со Рамковниот договор.  Премиерот кажа дека Пауновски одбивал да комуницира и дека ако имал некави забелешки и аргументи требало да ги соочи со членовите на Владата.

Пауновски одби да прими 35 рамковни административци во институцијата со која раководеше со образложение дека не се квалификувани за работните места. Тој синоќа се заблагодари на сите кои го поддржаа. 

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните